Back to Blog

На 28 јануари 2017 години се оддржа 3-тата седница на Генералното собрание на МАТТО

На 28 јануари 2017 година, Стопанска комора на Македонија-Турција ја оддржа 3-тата седница на Генерално собрание во Хотелот Стон Бриџ во Скопје

Со присуство на г-ѓа Тулин Еркал Кара, Амбасадорка на Р.Турција во Скопје и почесен Претседател на МАТТО, г-дин Бунјамин Кутлу, трговски советник при Амбасада на Р.Турција во Скопје, г-дин Туна Ејуп Кахвеџи, Претседател на МАТТО и членките на Собрание, се избра новиот Управен Одбор на МАТТО.

На седницата на Генералното собрание, на присутните членови беше презентиран Извештајот на активности за 2016 година и извештаите на Надзорен одбор. Истите едногласно беа одобрени од страна на членовите на Собрание. На седницата на Генерално собрание се избраа 21 нови членови на Управен Одбор.

Претседавачот на Собранието, г-динот Ејуп Учак најпрво на присутните членови  им го презентираше извештајот на активности во последниот период и извештајот на надзорен одбор, програмата на МАТТО за 2017 година и измените во статутот при што истите беа едногласно одобрени од страна на членовите на собрание.

Во своето обраќање до присутните на Генералното собрание, г-ѓа Тулин Еркал Кара, Амбасадор на Р.Турција во Скопје, истакна дека МАТТО е од голема важност  бидејќи придонесува за застапување на имиџот на Турција во Македонија.

Амбасадорката Г-гја Кара,  во своето обраќање истакна: “ Единствена цел ни е заедно, да ја унапредиме соработка помеѓу Република Турција и Република Македонија на уште повисоко ниво. На традиционалниот годишен прием на Дипломатски кор од страна на г. Ѓорге Иванов, Претседател на Република Македонија, г. Иванов толку јасно ја испрати пораката за љубов и пријателство према Турција, што беше разбрано како израз на посебна  почит. Искрено се надевам дека вака ќе продолжиме и понатаму”.

Амбасадорката Кара нагласи дека и по натаму се очекува МАТТО да  продолжи да унапредува постоечки инвестиции и да ги привлекува нови – “ Заеднички сме подготвени да се соочиме со било каков проблем. При заедничкото делување никој неможе да не порази. Република Турција ќе стане многу посилна, а со тоа на својата пријателска земја Република Македонија ќе и биде поголем поддржувач” .

На присутните им се обрати и г-дин Ејуп Кахвеџи, претседателот на МАТТO, кој истакна дека периодот од последните 4 години беше интензивен и успешен. Во последните 4 години придадовме големо значење на институционализација на МАТТО. Заедно со членовите од Управен Одбор се собиравме најмалку еднаш месечно. Заедно ги донесувавме нашите одлуки и истите ги спроведувавме. Како резултат на ова институционално работење МАТТО стана една посетувана и вреднувана комора која одблизу се следи не само од страна на 

Турција и Македонија туку и од страна на многу трети земји. МАТТО стана регионална комора. Издавање на МАТТО Билтенот, прифатеност на највисоко ниво од страна на институции од двете земји, членство во регионални и меѓународни институции беа наши домети. “ Ми дадовте 8 годишна  функција како Претседател на МАТТО. Верувам дека во ниеден поглед не ја злоупотребив довербата која ми ја пруживте.  Ги согледав интересите и чуствителноста на приоритетите на двете земји. На мојата татковина од една страна од друга пак на народот кој ми е многу драг, во ниту еден поглед не навлегов во активност  која може да наштети на двете земји. Подготвен сум и во иднина да извршам било која функција и да ми ја зададете во МАТТО”.

Новоизбраните членки во Управен Одбор 

Во A, Б И Ц категорија вкупно беа избрани 21 член во УО. 

Во А категорија беа избрани Евроазија Техника, ЛЦ Ваикики, Вардар Експрес, Аџибадем Систина, Елиф Иншаат, Балкан Даири-Суташ, Халкбанка, Тав Македонија, Еуролинк Осигурување, Елмонд Електро, Арманекс, Океан Ком Трејд, Ин-Мак Бетон, Рамстор Македонија, Пуцко Петрол и Еуро Хотел Градче. 

Во Б категорија во Управен Одбор се избраа Фортон, Кузеј Консалтинг и Турмак (Џевахир Холдинг) од Ц категорија во Управен Одбор се избраа Ејуп Учак и Јени Балкан. 

Во Надзорен одбор се избраа фирмите Лукс-Дом, Аталар Оптик и Бадем Тур.

На првата конститутивна седница на УО, избраните 21 член на УО ќе изберат Претседател на УО. 

Share this post

Back to Blog