На 20.05.2015 год. се оствари средба помеѓу Претседателот на МАТТО г-дин Туна Ејуп Кахвеџи и Претседателот на Советот за Странски Инвестиции г-дин Хуан Педро Химернез Наваро
Состојбите во земјата за сега не се рефлектираат на странските инвеститори во земјата – но потенцијалните ги следаат со внимание. Туна Ејуп Кахвеџи, претседател на Македонско – турската комора МАТТО во која се здружени турските инвеститори и Хуан Педро Химернез Наваро , претседател на Советот на странските инвеститори во Макердонија, при денешната средба констатираа дека актуелните состојби во земјата засега не влијаат на работењето но потенцијалните инвеститори со внимание ги следат состојбите и своите одлуки ги забавуваат. Инвеститорите здружени во двете асоциации и понатаму ќе работат на унапредување на деловна и инвестициона клима во Македонија и зајакнување на приватно јавен дијалог. Средбата беше со цел за обединување на ставовите и превземање заеднички активности во тој контекст.