Back to Blog

Министерот за внатрешни работи, г-дин Оливер Спасовски беше гостин на седницата на УО на МАТТО.

Министерот на средбата со турските стопанственици сподели информации кои ги засегаат странските инвеститори. Претседателот на МАТТО, г-дин Ајдован Адемоски, кој го отвори состанокот информираше за активностите на МАТТО.

„Турските инвеститори сочинуваат 35% од странските инвестиции“

Во својот говор Адемоски истакна дека средбите со високите државни претставници се во насока на зголемување на нивото на трговската размена помеѓу Република Турција и Република Северна Македонија.

Адемоски меѓудругото додаде и дека во МАТТО членуваат околу 100 реномирани компании од Турција и Македонија од повеќе стопански дејности. Турските инвестиции сочинуваат приближно 35 отсто од странските инвестиции во земјава и активно се работи на унапредување на соработката меѓу двете земји.

Претседателот на МАТТО, г-дин Адемоски во своето обраќање го изјави следното: Република Северна Македонија го потпиша првиот договор за слободна трговија со Турција, но обемот на трговијата не може да го достигне посакуваното ниво и дека билатералниот обем на трговска размена меѓу двете земји може да се зголеми од 500 милиони евра на над 1 милијарда евра со целосна либерализација на договорот.

„МАТТО претставува силен мост меѓу Турција и Северна Македонија“

Министерот за внатрешни работи, г-дин Оливер Спасовски, во своето обраќање истакна дека нашите односи со Р. Турција претставуваат повеќе од пријателство и братство. Тој појасни многу прашања кои се во интерес на турските инвеститори.

Осврнувајќи се на важноста на односите со Турција, Спасовски: „Сите знаеме дека односите меѓу Северна Македонија и Турција се на ниво на братство. Традиционалното партнерство меѓу нашите земји не води кон зајакнување на трговските односи. Сметам дека МАТТО е силен мост меѓу двете земји. Сите можеме да имаме корист од развојот на економската соработка меѓу Турција и Северна Македонија“.

„Бизнисмените кои инвестираат во производствени капацитети можат да добијат државјанство“

Во продолжение на своето обраќање, Спасовски информираше за добивање на државјанство за инвеститорите и доделувањето дозволи за привремен престој на вработените кои доаѓаат од странство.

„Право да аплицираат за државјанство на Северна Македонија имаат стопанствениците кои инвестираат најмалку 400 илјади евра во производствени капацитети во нашата земја. Ова право се однесува само на инвеститори чии имиња се регистрирани во регистарот на инвеститори на земјата. Оваа практика не значи дека државјанство можат да добијат и вработени во компании кои инвестираат. Условите за државјанство се јасни. Тоа е јасно наведено. Ние како министерство сме должни да ги составуваме информациите на поединци, одлуката за државјанство ја носи Владата.

„МАТТО претставува силен мост меѓу Турција и Северна Македонија“

Министерот за внатрешни работи, г-дин Оливер Спасовски во своето обраќање истакна дека нашите односи со Република Турција претставуваат повеќе од пријателство и братство. Тој појасни многу прашања кои се во интерес на турските инвеститори.

Осврнувајќи се на важноста на односите со Турција, Спасовски рече: „Сите знаеме дека односите меѓу Северна Македонија и Турција се на ниво на братство. Традиционалното партнерство меѓу нашите земји не води кон зајакнување на трговските односи. Сметам дека МАТТО е силен мост меѓу двете земји. Сите можеме да имаме корист од развојот на економската соработка меѓу Турција и Северна Македонија“.

„Бизнисмените кои инвестираат во производствени капацитети можат да добијат државјанство“

Во продолжение на своето обраќање, Спасовски информираше за добивање на државјанство за инвеститорите и доделувањето дозволи за привремен престој на вработените кои доаѓаат од странство.

„Право да аплицираат за државјанство на Северна Македонија имаат стопанствениците кои инвестираат најмалку 400 илјади евра во производствени капацитети во нашата земја. Ова право се однесува само на инвеститори чии имиња се регистрирани во регистарот на инвеститори на земјата. Оваа практика не значи дека државјанство можат да добијат и вработени во компании кои инвестираат. Условите за државјанство се јасни. Тоа е јасно наведено. Ние како министерство сме должни да ги составуваме информациите на поединци, одлуката за државјанство ја носи Владата.

„Барањата за привремен престој се зголемени“

Министерот за внатрешни работи, г-дин Оливер Спасовски го појасни и прашањето за работните дозволи за работниците од странство.

За ова прашање, Спасовски изјави: „Важно прашање е и давање дозволи за престој на странски персонал. Со зголемувањето на потребата за работна сила во последно време се зголемија и барањата за дозволи за престој. Дозволите за привремен престој се издаваат за период од 1 година. Лицата кои земале 5 последователни години привремен престој, можат да аплицираат за дозвола за постојан престој. Како на пример, бројот на прифатени барања за престој во Скопје од 1 јануари 2022 година до 7 март е 880. Од нив 58 се турски државјани.

„Не аплицирајте на различни начини за дозвола за привремен престој“

Министерот Спасовски, кој ги повика бизнисмените да внимаваат на практиките во однос на барањата за дозвола за престој истакна:

„Би сакал да упатам повик до Управниот одбор, дека не се следени процесите за барања за дозвола за привремен престој за странски работници. Порано ова беше поинтензивно, но сега е намалено. Се обидувавме да најдеме решенија за овие прашања преку различни методи, засновани на различни принципи, преку правници. И покрај фактот дека периодот на привремен престој е 45 дена, некои адвокати можат да манипулираат со компаниите зголемувајќи го периодот на 90 дена. Ги повикувам сите компании да не посегнуваат по вакви начини. Ова никому неможе да му донесе добро. Се надевам дека и владините институции и компаниите ќе ги исполнат своите обврски за да не бидат потребни овие начини на постапување“.

„Може да се потпише договор за размена на дигитални податоци со Турција“

Во продолжение на средбата стопанствениците со министерот Спасовски разменија идеи за проблемите со кои се соочуваат и за нивните решенија.

Спасовски истакна дека дигитализацијата е многу важна и може да реши многу прашања. „Прво, споделувањето информации се врши брзо. Второ, човечкиот фактор е елиминиран. Да наведам пример, нашето министерство до изминатите години користеше оперативен систем стар 50 години кој беше подготвен во времето на Тито. Не беше можно да се споделат информации во тој систем. Веќе неколку години ја обновуваме ИТ инфраструктурата. Преземени се многу позитивни чекори. За целосна дигитализација потребни се 230 законски измени. Во однос на МВР, 6 закони за дигитализација се во процес на измена. Потпишавме договор со Министерството за правда за споделување дигитални податоци. Можно е да потпишеме таков договор со Република Турција. Можеме да преземеме иницијативи. Со овој договор може да се скрати патот за меѓусебно одобрување документи меѓу двете земји.“

На крајот од средбата министерот Спасовски изјави дека е отворен за соработка со сите компании и ќе направи се што е потребно за да се решат проблемите со кои се соочуваат компаниите.

Share this post

Back to Blog