МАТТО беше домаќин на делегација на ITO и ÖNSIAD
МАТТО беше домаќин на делегација на Стопанска комора на Истанбул ITO и Водечка асоцијација на индустријалци и бизнисмени (ÖNSIAD).
Член на УО на ИТО, г-дин Мунир Устун и Претседател на ÖNSIAD, г-дин Хајри Јорулмаз, и делегација на МАТТО предводена од Претседател на МАТТО, г-дин Ајдован Адемоски, Ко-претседавач, Др.Билал Суџубаши, и замениците, г-дин Имер Селмани, Букет Герекчи, и г-дин Муртеза Сулооџа.

На состанокот беа разменети идеи за организација на Б2Б за кои се планира да се одржат во втората половина на годината и на тема можностите за инвестиции во Р.Северна Македонија, на која дискутираше Др.Билал Суџубаши.
На состанокот учествуваа и член на собрание на ИТО, г-дин Хасан Хошбен, членовите на ИТО и претставници на ÖNSİAD: г-дин Мурат Озсумер, Реџеп Темур, Ибрахим Гарип и Исмаил Сипахи.

По завршување на состанкот беа врачени плакети.
Во последен период постои интензивна соработка помеѓу двете стопански комори. Во јуни годинава во Р.Турција, претседателот на МАТТО, г-динот Ајдован Адемоски и замениците, д-р. Билал Сукубаши и г-дин Есер Џевахир се состанаа со г-динот Шекиб Авдагич Чекип Авдагиќ, претседател на Истанбулската трговска комора (ИТО) во Турција.
