Делегација на Стопанската комора на Македонија-Турција (МАТТО), денес, во Истанбул, оствари средба со министерот за трговија на Република Турција, проф. Др. Омер Болат.
Министерот за трговија на Р.Турција, г-дин Болат: „Се надеваме дека турските инвестиции ќе продолжат да овозможуваат голем придонес за економиите на двете земји“.
Делегација на Стопанската комора на Македонија-Турција (МАТТО), денес, во Истанбул, оствари средба со министерот за трговија на Република Турција, проф. Др. Омер Болат.
По средбата со членовите од делегацијата на МАТТО, министерот за трговија на Република Турција, проф. Др. Омер Болат истакна: „Многу сме задоволни што имавме можност дополнително да ги зајакнеме трговските односи меѓу нашите земји. „Овие силни односи, засновани на историските релации на двете земји, ни го олеснуваат превземањето на важни чекори на полето на трговијата и инвестициите“.
„Во согласност со нашата цел да го зголемиме обемот на нашата трговија од 875 милиони долари на 1 милијарда долари во 2023 година, се утврди проширување на опсегот на нашиот договор за слободна трговија и фокусирање на трговијата со услуги како патоказ“.
Министерот Болат во продолжение на своето обраќање истакна: Дополнително, проектите што ги преземаат турските изведувачи во Република Северна Македонија, вклучуваат инфраструктурни инвестиции и реконструкција на градовите. „Се надеваме дека со зголемување на договорните и другите турски инвестиции во Република Северна Македонија на одржлив начин, тие ќе продолжат да даваат голем придонес за економиите на двете земји“.
Делегацијата предводена од претседателот на МАТТО, г-дин Ајдован Адемоски, го информираше министерот Болат за активностите кои ги спроведе МАТТО.
Наведоа дека ажурирањето на Договорот за слободна трговија и студиите за слободните зони се меѓу главните приоритети и дека конвертибилноста на турската лира е од голема предност во Република Северна Македонија.
Беше наведено дека целта во трговската размена е да се достигнат барем 2-3 милијарди долари трговски обем меѓу двете земји.
Од делегацијата на МАТТО беа присутни претседателот на Управниот одбор на МАТТО, Ајдован Адемоски, заменик претседателите г-дин Есер Џевахир и г-дин Имер Селмани и членката на Управниот одбор, г-дин Аккан Махмут.


