Back to Blog

Помеѓу 4-5 Мај 2016 год. Во Скопје се одржа состанок со Светски турски бизнис совет

во хотелот Стон Бриџ во Скопје се одржа состанок на Светски турски бизнис совет (ДТИК) на балкански регион кој е поврзан со Советот за надворешни економски односи при Министерство за Економија во Турција. 

На состанокот присуствуваа Министерот без ресор задолжен за привлекување на странски инвестиции г-дин Фуркан Чако, Амбасадорот на Р.Турција во Скопје г-дин Омер Шолендил, членката на Уставен суд г-дин Салих Мурат, Државен секретар во Министерство за економија на Р.Турција г-дин Ибрахим Шенел, Претседател на Балкански комитет на ДТИК г-дин Омер Сусли, Претседателот на МАТТО г-дин Ејуп Кахвеџи, членови на извршниот комитет на ДТИК, главен советник во Аташето за трговија при Амбасада на Р.Турција во Скопје г-дин Бунјамин Кутлу и голем број на бизнисмени. 

Во воведниот говор Министерот  без ресор задолжен за привлекување на странски инвестиции г-дин Фуркан Чако истакна дека во денешно време на глобализацијата се забележа како академска категорија.

Министерот Чако во продолжение на својот говор истакна: Наместо да се доближиме со сомнителност кон глобализацијата, треба да направиме да продолжат позитивните резултати од глобализацијата кои ни ги нудат локалните поединци.

Во продолжение на својот говор истакна треба да се одредат теми за регионален развој во поглед на политичката, економската и социјалната сфера. Сметам дека  приватните и јавни актери треба да произведат конструктивни решенија, ориентирани идеи и проекти.

Амбасадорот на Р.Турција во Скопје г-дин Омур Шолендил истакна дека овој состанок претставува еден почеток со верба дека ќе се постават јаки темели и во блиска иднина ќе се очекуваат конкретни резултати. 

Овој вид на активности ќе ги доведе трговските и економски односи на еден повисок степен, истакна Државниот секретар при Министерство за економија на Р.Турција г-дин Ибрахим Шенел. Македонија која се наоѓа во срцето на балканот, од поглед на трговија претставува една важна земја во регионот. Односите со балканските земји, моќта на нашата земја, блискоста на историјата и менталитетот помеѓу народите како и меѓусебната интеракција се рефлектира врз економски односи.

Главна цел е обезбедување на обостраност помеѓу Турција и Балканските земји во поглед на политичките и трговските односи. Оваа цел носи со себе и голема одговорност. Денешниот состанок преставува важна можност за нас тоа посебно сакам да го нагласам истакна Шенел. Јавноста го дава својот придонес, сега останува на бизнисмените да го направат следното.

Share this post

Back to Blog