Помеѓу 26-27 септември во Хотелот Стон Бриџ во Скопје се реализира средба помеѓу заменик-премиерот на Србија г-дин Расим Љајич, заменик-претседател на парламентот во Србија г-дин Владимир Маринкович, градоначалникот на Нови Пазар г-дин Мехо
На 26ти септември, петок, заменик-премиерот на Србија г-дин Расим Љајич реализира средба со Управниот Одбор на МАТТО, од преголема презафатеност не беше во можност да присуствува на состанокот во сабота.
На состанокот организиран од страна на Стопанска комора на Македонија-Турција МАТТО, на турските бизнисмени им беа презентирани можностите за инвестирање во Србија.
Претседателот на комората г-динот Туна Ејуп Кахвеџи говореше како една од главните цели како институција е Македонските и Турските бизнисмени како партнери да имаат можност да се отворат на третите пазари. Денес Српската делегација ни ги презентираше можностите за бизнис, особено ни беше презентиран Нови Пазар. Целта на овој состанок беше да склучиме и бизнис со најблискиот регион на Македонија а тоа е Србија. Се надевам дека од ова ќе произлезат добри резултати истакна Кахвеџи.
Тој истакна дека очекува турските фирми во Македонија да се отворат и на српскиот пазар. Србија е земја со најголема популација на пазарот. Има голема историја. Има и договори за слободна трговија вклучувајќи ја и Турција. Од таа причина проценувајќи ги сите овие предности, заедно со македонските фирми или со турските одделно сакаме да работиме таму заедно. Денес го започнавме првиот чекот. Верувам дека од ова ќе произлезат добри резултати, и со ова го заврши својот говор.
Заменик-претседателот на собрание на Р.Србија г-дин Владимир Маринкович говореше околу договорот за трговија помеѓу Србија и Турција, и дека во последните години е развиен во големи размери, и сеуште постои голем потенцијал за развивање. Маринкович истакна дека вчера и денес имаме можност да им презентираме на Македонските и Турските инвеститори околу тоа што го нудиме. Турските фирми се од големо значење за нас и сакаме да дојдат и кај нас.
Маринкович истакна дека Српската економија од ден на ден се повеќе расте, турските бизнисмени покажаа зголемен интерес за инвестирање, Србија е отворена за нив и подготвени сме да помогнеме во се што е во наша моќ.
Ги направивме сите потребни правни прописи заедно со сите наши институции за инвестирање. Единствена земја со која имаме направено договор за слободна трговија е Русија. Ова како што е примамливо за сите држави така е и за турските бизнисмени.
Нека отвори ХалкБанка филијала и кај нас.
Градоначалникот на Нови Пазар г-дин Мехо Махмутович, истакна дека е полесно да се разговара со турските бизнисмени кои инвестираат во Македонија, Тие инвестирале во Балканот, и имаат позитивни мисли околу тоа. И ние сакаме да расте нивниот бизнис и во Србија.
Махмутович даде информации околу договорите за слободна трговија со турските бизнисмени како и поволната локација на Нови Пазар и владините стимулации, тој во своите зборови истакна дека инвестицијата во Нови Пазар не е само на едно место туку преставува регионална инвестиција. Може да преставува центар кој ги опфаќа повеќето држави. Сакаме да биде мост помеѓу Санџак, и новоформираните земји на Србија .
Махмутович истакна дека сака ХалкБанка да дојде и во Србија, Врз основа на отелотворувањето во Македонија, истите инвестиции можат да се реализираат и во Србија, на тој начин ќе преставува силен сигнал за турските бизнисмени.
Во склоп на состанокот проследен со ручек, бизнисмените имаа можност да постават прашања на надлежните од Србија.