Back to Blog

МАТТО го потпиша протоколот за изградба на училиштето во Малатја под раководство на МАТТО

Учениците од турскиот град Малатја погоден со катастрофалниот земјотрес, новата учебна година ќе ја започнат во новото училиште „Северна Македонија“, донација од Македонско-турската стопанска комора

Средношколците од турскиот град Малатја кој што на почетокот на годинава беше погоден со катастрофалниот земјотрес, новата учебна година што стартува на 15ти септември ќе ја дочекаат во ново училиште, што ќе го носи името „Северна Македонија“.

Изградбата на училиштето го реализира Македонско-Турската стопанска комора (МАТТО), заедно со сите свои членки, а со поддршка на Министерството за образование и Црвениот Крст на Република Северна Македонија, како и на Сојузот на турски невладини организации во земјава (МАТУСИТЕБ) и Здружението ЕСНАФ.

Донацијата е во висина од еден милион евра и со овие средства во тек е изградбата на училиште на површина од 8656 m², со 24 училници што ќе го симболизира духот на пријателството и соработката меѓу двата народи.

Протоколот за донацијата денес беше потпишан од страна на МАТТО и министрите за образование и за труд и социјална политика на Република Туркије, Јусуф Текин и Махи Нур Ѓокташ. Како што е определено од донаторот, името на училиштето „Северна Македонија“ нема да може да се менува сé додека постои училишната зграда.

Исто така, на училниците на училиштето ќе им бидат дадени имињата на градови во Северна Македонија (Скопје, Тетово, Охрид, Манастир, Штип, Куманово итн.). На овој начин, не само што ќе се почитува богатото наследство на Северна Македонија, туку и ќе се инспирираат учениците да ја прифатат различноста и да негуваат меѓународно разбирање.

Потпишувањето на овој протокол означува длабока посветеност за негување на образованието и обнова на заедниците погодени од катастрофалниот земјотрес. Заедничките напори на МАТТО, Министерството за образование на Република Туркије и поддршката дадена од Министерството за образование, Црвениот крст на Македонија, МАТУСИТЕБ и ЕСНАФ, ја покажуваат моќта на соработката и солидарноста за позитивно влијание врз животите на безброј млади и обезбедување посветла иднина за жителите на Малатија.

Share this post

Back to Blog