Делегација на Стопанската и Индустриска комора на Болу ги посети просториите на МАТТО
Стопанственици од Стопанската и Индустриска комора на БОЛУ ги посетија просториите на Стопанската комора на Македонија-Турција (МАТТО).
Делегацијата предводена од претседателот на Управниот Одбор на Стопанската и Индустриска комора на Болу, г-дин Абдула Алемдар и претседателот на собранието на Болу, г-дин Ајдоган Текин, остварија средба со претседателот на МАТТО, г-дин Ајдован Адемоски и со заменик претседателот на МАТТО, г-дин Имер Селмани.
На средбата присуствуваше и трговскиот советник при Амбасадата на Р.Турција во Скопје, г-дин Синан Танриоген.
Претседателот на МАТТО, г-дин Ајдован Адемоски, во своето обраќање нагласи дека вратите на МАТТО секогаш ќе бидат отворени за турските инвеститори и дека компаниите од Болу кои сакаат да инвестираат во Република Северна Македонија со задоволство ќе бидат пречекани.
Претседателот на УО, г-дин Адемоски ги информираше гостите и за активностите на МАТТО.
На средбата се разговараше за можностите за инвестирање во Република Северна Македонија, деловните области на кои треба да се даде приоритет и различни теми.
По средбата, трговскиот советник г-дин Синан Танриоген пред стопанствениците од Болу ги презентираше потребните информации за водење на бизнис во Република Северна Македонија.
Осврнувајќи се на односите меѓу Република Турција и Република Северна Македонија, Танриоген истакна дека извозот и обемот на трговијата меѓу двете земји минатата година достигнаа рекордно ниво.
На средбата беше прикажано промотивно видео со детални информации за Болу.
Средбата заврши со взаемно врачување на плакети и подароци.







