Back to Blog

На 23 Август 2016 година Делегација на Иран во посета на МАТТО

Ген.Директор за Европа во Министерството за надворешни работи на Исламска Република Иран г-дин Mahmoud Barimani заедно со својата придружба ја посети Стопанска комора на Македонија-Турција. 

iran1.JPG

Делегацијата беше пречекана од страна на потпретседателите на MATTO г-дин Ејуп Учак и г-дин Мурат Оздемир при што се објасни околу можностите за инвестирање во Македонија. Г-динот Оздемир изразувајќи големо задоволство за посетата на Иранската делегација истакна дека овој состанок е од особена важност од поглед на разгледување на каков вид на соработка би можело да се направи како и меѓусебна размена на идеи.

Придружуван од страна на Амбасадорот на Исламската Република Иран во Скопје г-дин Saied Sadegh Mohammadi  г-динот Баримани истакна дека во последните неколку месеци чекорите за развој на односите меѓу двете земји во политичка сфера се веќе превземени. Тој објасни дека официјалната посета на Иран од страна на Министерот за надворешни работи г-дин  Попоски која се реализира во месец април од чекорите што се преземени досега претставува само еден почеток во трговски односи.

iran2.JPG

Баримани истакна дека со укинување на санкциите за Иран се преструктурираа трговските односи со многу земји.  Со Македонија можат да се направат заеднички проекти во сферата на  нафта, гас, енергија како и заеднички инфраструктурни проекти. Тој во продолжение истакна дека Иранските бизнисмени можат да инвестираат во Македонија. 

Обемот на трговската размена на Турција со Иран изнесува 15 милијарди долари и оваа бројка  со 2020 година сакаме да достигне до 30 милијарди долари истакна Баримани. На состанокот од МАТТО присуствуваа претставници од Халкбанка, Ген.Директор на Туркиш Ерлајнс во скопје г-динот Илкер Бајдар , Пуцко Петрол, и Кватрошпед. Баримани заедно со својата придружба беше во посета на разни државни институции во Скопје.

iran3.JPG

Share this post

Back to Blog