Back to Blog

Претставници на платформата за меѓународна трговија на деловни луѓе и инвеститори во Бурса (UTİYAP), ја посетија Стопанската комора на Македонија-Турција МАТТО.

Генералниот рретседателот на UTİYAP во Бурса, г-дин Омер Кула и неговата придружна делегација остварија средба со копретседавачот на MATTO, г-дин Билал Суџубаши и членовите на одборот на MATTO.
На средбата беа присутни трговскиот советник при Амбасада на Р.Туркије во Скопје, г-дин Синан Танриоген, член на УО на МАТТО, г-дин Муртеза Сулооџа, член на надзорен одбор на МАТТО, г-дин Аднан Акшар, и извршниот директор на МАТТО, г-дин Шахпаз Молалиев.
На средбата одржана во седиштето на MATTO, генералниот претседател на UTİYAP, г-дин Омер Кула, изјави дека оваа посета е со цел да ги разгледаат можностите за инвестирање и соработка во Република Северна Македонија.
Кула истакна дека сакаат да егзистираат на овој пазар и дека имаат и моќ и можност за тоа, тој исто така подвлече дека сакаат да го поддржат овој регион.

Информирајќи ги гостите за активностите на МАТТО, копретседавачот г-дин Билал Сучубаши изјави дека МАТТО има за цел преку инвестиции да придонесе за профитот на компаниите од Р.Туркије и компаниите во земјава.
Трговскиот советник на Амбасадата на Р.Туркије во Скопје, г-дин Синан Танриоген, информираше за трговијата меѓу Република Северна Македонија и Р.Туркије.
Генералниот претседател на UTIYAP во Бурса, г-дин Омер Кула, за време на неговата посета на Македонија, беше придружуван од бизнисмените г-дин Осман Озиш, г-дин Дениз Јилмаз, г-дин Халил Чошкун, г-дин Таха Чај, г-дин Фуркан Атиџи и г-дин Фатих Енгин.

Share this post

Back to Blog