Управата на ТДП ги слушна барањата на членките на МАТТО
Стопанска комора на Македонија-Турција (МАТТО) ги пречека претставниците на Турска демократска партија (ТДП) на чело со претседател на партијата г-динот Бејџан Илјас.
Претставниците на ТДП ги сослушаа предлозите на членките на МАТТО a oд страна на партијата ТДП беше презентирана програма која се планира да се реализира во наредниот период.
Г. Ајдован Адемоски, со потпретседателите на МАТТО, Алпер Ерсој, Имер Селмани, Есер Џевахир, Букет Геречи како и други членови на УО на МАТТО, се заблагодарија за прифатена покана за средбата и истакнаа дека за 10 години постоење за прв пат се прават консултации со политички партии, во смисла на лобирање за приоритетите на МАТТО. Од името на МАТТО се изнесоа повеќе барања до ТДП од кои се со приоритет: да се што побргу пристапи кон ревизија на Договор за слободна трговија помеѓу Македонија и Трција, во смисла на неговото осовременување и либерализација на земјоделски и прехранбени производи; да се формира министерството за туризам и да се пристапи кон овој сектор како еден од стратешки фактори на развојот на земјата; да се олеснат процедурите за издавање на согласности за престој во земјата, за странци, а со цел привлекување на странските студенти на школување на нашите високоoбразовни институции како и поефикаснa процедура во издавањето согласност за времен престој на квалификувана сила; да се издеjствува субвенција за Меѓународен Балкански Универзитет, како што е субвенција за Штулов универзитет во Тетово; основање на ТИРЗ во струмичко-гевгелискиот крај, врз основа на приватно јавно партнерство со турските инвеститори; владата да воспостави дијалог со турската Егзим Банк за реализација на постоечкиот кредит од 400 000 САД$, одобрен за Македонија.
По завршувањето на разговорите, претседателот на ТДП, г-динот Бејџан Илјас истакна дека состанокот беше продуктивен. “МАТТО игра важна улога во економска смисла и е мост кон Република Турција. Ние како ТДП, ќе ја обезбедиме потребната поддршка како во парламентот, така и во владиното крило со цел да го зајакнеме овој мост и да достигнеме многу подобро ниво на економски односи “.