На барањето и предложената програма на МАТТО а со логистичката поддршка на г. Фатос Мустафа, промотор за Албанија и Косово, Агенција за Странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија се остварија средбите со г. Еди Рама, премиер, г. Едмонд Хаџинасто, министер за транспорт и инфраструктура, г. Арбен Ахметај, министерот за економски развој, туризам, трговија и претприемништво, г. Генти Беќири, извршниот директор на Албанската инвестициона и развојна агенција (АИДА), г. Арбан Мазнику, заменикот градоначеник на Тирана, Ванѓуш Дако, градоначелникот на Драч, г. Николин Јака, претседателот на Комора на Тирана, гј. Инес Мукостепа, претседателката на Унија на албански комори, г. Сејхан Пенџаблигил, претседателот на Албанско Турска комора, г. Стојан Карајанов, амбасадорот на Република Македонија во Република Албанија и г. Хидајет Барјактар, амбасадорот на Република Турција во Република Албанија. Посета имаше за цел да се стекне перцепција за општата инвестициона клима и политичката волја во однос на креирање на безбедни и потикнувачки услови за бизнис и инвестирање.
Инвестициона клима – во услови на ниската домашна потрошувачка, ограничена кредитна понуда и ограничена јавна потрошувачка (3.476 УСА$) Албанкста влада се определи за директни странски инвестиции како носител на економскиот раст и либераниот режим на странското инвестирање. Во последните години, владата ги има спроведено реформи со цел подобрувење на бизнис и инвестициона клима а што подразбира и новиот Закон за стратешкото инвестирање и селективни критериуми а се однесува на инвестиции од 30 – 50 мил еувра во области на транспорт, електронски комуникации, урбан отпад, туризам, аграрот (подигање на големи земјоделски фарми) и рибарство и економските зони. Овакови инвестиции се предмет на договарање со владата и ресорните органи и подразбира експресно администрирање.
До 2008 г. во Албанија беа влезени само 1 милијарда УСА $ а до 2014 г. 7 милијарди УСА $. Грција и Канада се најголеми инвеститори (45% од вкупните инвестиции), воглавно во телекомуникации, финансијско посредување, производство и рударство. Република Турција има вкупно 1,5 милијарди УСА $: Железара во Елбасан и концесија на контејнерски терминал во пристаништето Драч.
И во иднина, фокусот на инвестициони можности остануваат нафта, гас, енергетика, инфраструктура, финансијско посредништво, производство, земјоделието, туризам и техничко економски развојни зони (слободни зони). Набргу, Владата планира да изда 13 дозволи за истраживуње на нафта и гас, а во блиска иднина ќе почне изградба на Транс – Адриатик гасовод (требаше да почне во 2015 но се уште се работи на определување на трасата). Надоградба на електрична дистрибуциона – трансмисиона мрежа е исто така инвестициона можност. Усвоен е план за изградба на 3 хидроцентрали на реката Девали од кои Норвешка веќе ја започна изградба на едната. Влада планира изградба на аеродромот кај Сандра за потребите на туризам. И на северот од земјата, Кукас, постои аеродром кој е граден за интернационални летови а и би можел да се ревитализира. Исто така се преиспитува договор со концесионерот за аеродромот Ринаси, со можност воведување и друг концесионер. Јадранско Јонска магистрала, од Трст до Каламати ги вклучува Италија, Хрватска, Црна Гора, Албанија и Грција во изградба на автопатно и железничко поврзување. Пристаништето Драч има усвоено својот Мастер план за развој до 2030 година. Исто така Владата има најавено план да многу јавни услуги ги одстапи на приватниот сектор во вид на приватно јавно партнерство.
Упркос прогресот во реформите, и понатаму останува најголем предизвик ендемска корупција, слаба примена на закони, недоволно дефинирани сопственички права, недоследност на владата – попустливост, недостиг на развиена инфраструктура, често менување на закони и правна неизвесност во однос на издати согласности и концесијски договори потпишани од претходните влади. Професионален капацитет на администрацијата како и образованост на населенијето може да создава проблеми во поддршка на странските директни инвестиции. Во овој контекст треба да се напомене четворочасовна посета на John Kerry, државниот секретар на УСА на Албанија на 13 февруари 2016. во која ја испорача пораката на премиерот Рама, да се комплетираат анти-коруптивни мерки и да се што побргу усвоји пакет реформи на правосудство, а што предвидува и основање на Оддел за антикорупција моделиран под закриље на FBI. Без овие мерки не ќе можат да се забрзат ЕУ интеграциите. Во препораките на Европската комисија за Албанија се истакнува нужност за реформите на правосудство, примена на законите и владеенје на правото, реформи во администрација во смисла на поголема ефикасност преку нејзиното намалување и зголемување на стручната компетеност и реформи во образованието.
Релевантни факти за креирање на инвестиоциони приоритети во Албанија.
1. Република Албанија е во подготовките за склучување на Договор за стратешко партнерство со Република Турција
2. Со оглед на мал капацитет на јавната потрошувачка Албанската влада се повеќе промовира приватно јавно партнерство како облик за развој на земјата но и за инвестирање. Со оглед на искуставта на Репубика Турција во оваа област, при посетата, г. Еди Рама истакна дека би очекувал од турските партнери трансфер на оваа искуство и подршката преку директно учество во ППП
3. Севкупна деловно инвестициона клима, куповна моќ на населението, високиот ДДВ ( 20%), нестандардизиран пазар и други фактори упатуваат дека за сега, големи инфраструктурни пројекти (транспорт, енергетика, менаџирање со води и отпад), техничко економски развојни зони (слободни зони), туризам и земјоделието можат да бидат во фокус за инвестирање.
http://www.transporti.gov.al/files/userfiles/urdher/Projektet_Prioritare.pdf
– Јадранско јонски коридор (Трст – Каламати): од границата на Црна Гора до границата со Грција, 380 км, плус прилазни патишта – конекции вкупната вредност 875 мил.ЕУРА
– Коридор VIII (крајни точки Бриндизи – Бургас/Варна) – Пристаништето Драч – Македонска граница, 236 км, во вредност од 468 мил.ЕУРА.
– Вкупна должина на железница е 420 км, се планира ревитализација на железница кон Црногорската граница и изградба на 2,8 км, во вредност од 150 мил. ЕУРА, кон Македонската граница, во рамките на коридорот VIII.
– Тирана – Пешкопеја (Дебар) автопат 72 км (21 км е веке реализиран)
– Усвоен е мастер план за развој на пристаништето Драч – развој до 2030 година. Сегашното пристаниште е влез за 75% стоки кои се увезуват или извезуваат во и од Албанија. Поради несоодветниот менаџмент и несоодветната инфраструктура, искористеноста на пристаништето е 60%. Во моментот турската фирма Курум шипинг има концесија за контејнерски терминал.
– Shengijin –проект за пристаништето со капацитет од 60 мил.т. годишно ( во правец према Скадар и се поврзува со автопатот кон Косово), Треба да опслужува Косово, Србија и Македонија. Вредност 1.2 милијарди ЕУРА
– Во областа на туризам Албанија располага со природни локацији за изградба на марини и јахтинг центри
– Во Саранда се планира адаптирање на пристаништето за крузерите
– Со цел да се зголеми број на туристите постои проект за изградба аеродром за мегјународни летови во Саранда. Во Кукес (север) веќе постои аеродром за меѓународни летови кој би можел да се даде во концесија. Постоеќки договор за концесија за аеродром Ринаси ќе се ревидира и ќе се овозможи оперирање и на нов концесионер.
– Транс Адриатик гасовод ке поврза кавказскиот гас со Западна Европа преку Турција, Грција, Албанија и Италија. Албансиот дел изнесува 215км влегува од Грчката страна близу Корча и излегува во Валона. (www.trans-adriaticpipeline.com)
– Албаниај е богата со руди (бакарна, железна, никел, хром, гипс, пешчаник, природен битумен, асфалт и декоративни камења вклучувајќи го и мермер.Најголеми инвеститори во оваа област се Турција, Канада, Кина и Италија.
– Пројекти за хидроцентрали се на реката Скавица (капацитет 181 MW), реката Вјоса (365 MW) и три хидроцентрали на реката Девали од кој норвежаните веќе ја градат една.
– Техничко економски развојни зони (слободни зони) – предвидени се 3 такови заони Коплик (северна Албаниа, близу Скадар, Спитала, до Драч и кај Валона. Делегацијата ја има посетено Зоната Спитала во површина од 209 ha, сместена во предгардие на Драч, 6,4 км одалеченост од пристаништето, 33 км од аеродромот во Ринаси, и на крстосување на коридрот VIII Јадранско – јонска магистрала. Во непосредна близина на зоната е енергетски парк и зона за становање така да инфраструктурно поврзување нема да биде проблем. Изграден е пристапен пат. Зоната е наменета за следните индустрии: електроника, машинска, лесна индустрија, агро-процесирање, аутомобилска, трговија и складиштење, услуги освен call centres. Зоната ќе се продава на операторот за 1 еуро за секој месец од користење и при поднесување на понудата ќе треба да понуди % од вкупниот годишен обрт на целата зона.