Ha 17.11.2015 год. сe одржана седницата на У.О. на МАТТО со присуство на Н.Е. г-дин Омур шолендил, амбасадор на Р.Турција, во Р.М и Н.Е. г-дин W.Wouter Plomp, Амбасадор на Холандија во Р.М.
Холандија и Турција имаат долга историја но и голема иднина – нашите дипломатски пдноси се воспоставени пред 400 години а во 1923 први ја признавме Република Турција” – се обрати Н.Е. г. В.Ваутер Пломп (W.Wouter Plomp), Амбасадор на Кралството Холандија во Република Македонија поздравувајќи ги членовите на Управниот Одбор на МАТТО на седницата одржана на 17.11.2015. во Стон Бриџ хотелот, Скопје. Н.Е. г Omur Solendil, амбасадор на Република Турција, во Република Македонија, одговори дека тој во периодот 20012 – 2003 беше назначен како генералниот конзул на Република Турција во Кралството Холндија и дека Република Турција и Кралството Холандија имаат долгогодишна и силна соработка како на економски така и на политички план.

На членовите на Управниот одбор на МАТТО, Амбасаорот Пломп ја претстави поддршката на Холандска влада на Република Македонија која трае од 1994 година и која се имплементира под мото “долготрајно партнерство”. Таа се однесува на подготовките на РМ за пристапување кон Еуро атланстките интеграции. Холандија е најголем донор на РМ од сите земји членки на ЕУ. Во периодот од 1999-2010 таа ги овозможи грантовите повеќе од 200 милиони еура од кои 95 милиони се однесуваа на макро подршката. Македонија е членка на Холандската конституенца во ММФ, Светската Банка и ЕБРД. Кралството Холандија, од 1.јануари 2016. ќе превземе претседавање со ЕУ. Амбасаорот Пломп, информира дека на приоритети сигурно ќе имаат влијание терористички настани во Анкара и Париз а дека во однос на економијата во фокусот ќе биде економски раст, креирање на новите работни места за млади и уклањање на бариери во трговијата. Амбасаорот Пломп, изјави, штом ќе се официјализираат приоритети на холандското претседателство, лично ќе го информира амбасадорот Солендил.

Пред членовите на УО на МАТТО од страна на г Јане Ќука, економско-трговскиот советник при Амбасадата на Кралството Холандија беа преставени четирите програми за директната поддршка на корпоративниот сектор со цел унапредување на конкурентност на македонските компании и нивнита соработка со Холандија.
Извршниот директор на Холандско – Македонска комора, г. Боб Смит, ја престави улогата на комората во која една третина од членството се компании со холандски инвестиции, една третина се компании кои работат со Холандија и една третина се компании кои во своите развојни планови имаат воспоставување на соработка со Холандија. Ова билатерална комора во фокусот има привлекување на холандски инвестиции во РМ преку давање конкретни информации на холандски компании за инвестициона и деловна клима во Македонија, поддршка на холандските и македонските компании во изнаоѓање на партнери и преку програми на холандската Влада за поддршка на приватниот сектор поддршка на унапредување на конкурентност и поттикнување билатерачна економска соработка. Г. Смит ги покани членовите на МАТТО да соработуваат со Холандско – Македонска комора и да учествуваат во нивните активности како што се посети на саеми и Б2Б настани.

Во продолжение на размената на информациите се вклучија членовите на УО – компании кои имаат искуство во соработка со Холандија. Халк Банка како членка и во Холандско – Македонска комора, се претстави и се стави на располагање на холандските инвеститори и компании. Г. Неџдет Палакчи, генерален и извршен директор информира дека ХАЛК БАНКАрасполага со над 1000 филијали и едиствена банка во светот овластена за банковните трансакци во реализација на хуманитарните испораки за Ирак. Исто така таа нагласи свој капацитете за трансакциите помеѓу Холандија и Иран. Г. Палакчи информира дека во секојдневно работење им се обраќаат компаниите од Холандија со прашањата во врска со можност за делување во Македонија.

Г. Алпер Ерсој, директор на ТАВ ја истакна соработка со Агенцијата Корендон, креирањe на нови летови и зголемување на број на холандските туристите во РМ.
Во 2004 година, г. Муртеза Соолудџа , сопственик и уредника на неделниот весник на турски јазик Јени Балкан, и со техничката помош добиена од холандската невладина организација, Cordaid, преку Холандската амбасадата, го започна издавањето на весникот. Г. Туркер Сазоглу, главни менаџер на болницата АЏИБАДЕ СИСТИНА, информира дека централата на АЏИБАДЕМ од Истанбул работи на отворање на болницата во Ротердам.
Г. Слободан Трајков, сопственик на компанијата Елмонд Електро, изјави заинтересираност да со подршка од Холандија инвестира во Македонија во аграротно со холандското know-how.
Средбата на членовите на УО на МАТТО со Н.Е. г. В.Ваутер Пломп (W.Wouter Plomp), Амбасадор на Кралството Холандија во Република Македонија се заврши зо заклучокот двете билатерални комори да ја продолжат соработка со цел идентификување на области во кои можат заедно да дадат конкретна подршка на членките во унапредување на бизнисите.

