Back to Blog

Oдржаниот коктел со присуство на претседалот на Р.Македонја Г-дин Ѓорге Иванов на 18 Мај 2010 година

На 18 Мај, во седиштето на МАТТО, со присуството на Г-дин Ѓорге Иванов Претседател на Република Македонија и Г-дин Арслан Хакан Окчал Амбасадор на Република Турција, беше организиран коктел со цел на `здружување меѓу турските деловни луѓе во Македонија и членовите на МАТТО`. Во коктелот кој беше организиран со цел на средба помеѓу членовите и надлежните на Македонската влада, заинтересираноста беше голема.
Претседателот на MATTO Г-дин Туна Ејуп Кахвеџи, во текот на средбата го спомна и состанокот кој беше одржан со Вицепремиерот Владимир Пешевски на 10 Мај: `Надлежните на македонската Влада колку повеќе ќе се запознаат со нашите членови, толку повеќе ќе имаат можност да бидат информирани за проблемите со кои се среќаваат истите, покрај тоа и да најдат решение. Се надеваме дека ваквите средби ќе покажат добри резултати и во наредниот период ќе имаме поголем број на странски инвестиции`.
Претседателот на државата Г-дин Иванов, ја обележи оваа организација со својата љубезност која ја покажа. Иванов се поздрави и разговараше со сите гости поединечно, каде што имаше можност да ги слушне проблемите со кои се среќаваат деловните луѓе. Коктелот, се одржа во градината на МАТТО и на сите гости им овозможи една пријатна вечер. Се надеваме дека и оваа организација ќе покаже добри резултати.

Share this post

Back to Blog