Back to Blog

МАТТО, во соработка со општина Гази Баба оддржа средба со градоначалникот Бобан Стефковски и претставници на турската компанија ARTI која се занимава со развој на недвижнини од Измир Турција.

На 19.05.2022 година, МАТТО, во соработка со општина Гази Баба оддржа работна средба со градоначалникот г-д Бобан Стефковски оддржа средба со претставници на турската компанија ARTI која се занимава со развој на недвижнини, со седиште во Измир Турција.

На средбата се разговараше за идна соработка со цел реализација на неколку стратешки проекти во индустриската зона Северна Заобиколница, Спортскиот центар Хиподром и Спортскиот центар Смилковци.

Општина Гази Баба и во иднина ќе продолжи со промоција на инвестициските потенцијали со кои располага, а со цел изнаоѓање на инвестиции за нови економски капацитети и отворање на нови работни места.

Share this post

Back to Blog