Back to Blog

МАТТО беше во посета на министерот за јавна администрација

Продолжуваат посетите на МАТТО со членовите на владата. Делегацијата на МАТТО денеска го посети министерот за јавна администрација на Република Северна Македонија, г-дин Горан Минчев.

На средбата присуствуваше делегација на МАТТО предводена од претседателот, г-дин Ајдован Адемоски, копретседавачот г-дин Билал Суџубаши, заменик претседател, г-дин Имер Селмани, член на УО, г-дин Осман Демирѓул и извршниот директор, г-дин Шахбаз Молалиев.

Во текот на новиот процес на структуирање, се разговараше за новото министерство формирано од Владата и за полето на делување на ова министерство.

На средбата се разговараше за вработените во Министерството за јавна администрација, законите и реформите во јавната администрација, како и образовните услуги што треба да им се даваат на вработените во јавниот сектор. Изјавувајќи дека се работи во насока на обезбедување на навремена и квалитетна услуга на деловниот свет, министерот Минчeв ги наведе прашањата за соработка и обука со МАТТО под наслов пренесување на искуство во оваа област од страна на Турција.

Share this post

Back to Blog