• Денес е: сабота, август 13, 2022

Претставници на неколку стопански комори од различни градови на Турција во посета на МАТТО

Matto
декември06/ 2021

Претседателот на Управниот одбор г-н Ајдован Адемоски, потпретседателот г-н Билал Суџубаши и членовите на Управниот одбор г-н Муртеза Сулооџа и г-н Мустафа Дилиоглу, денес се сретнаа со претставниците на Стопанската комора на Газиантеп, Стопанската комора на Гиресун, Стопанската комора на Инегол, Стопанската и индустриската комора на Сивас и Трговската и индустриската комора на Елазиг, кои беа во посета на Стопанската комора на Македонија Турција (МАТТО).
Од Стопанската комора на Гиресун на средбата присуствуваа генералниот секретар г-н Шукру Џебеџи и г-н Ибрахим Атиксој, од Стопанската комора на Сивас присуствуваа генералниот секретар г-н Ерол Генчер и експертот г-дин Севинч Јилдиримли, г-ѓа Фиген Челиктурк, експерт во Стопанската комора на Газиантеп, директорот за развој на бизниси г-н Фарук Онер и г-н Алиџан Офлаз експерт во Стопанската комора на Инегол, Заменик претседателот на собранието на Стопанската комора на Елазиг г-н Вели Аксу, претставникот за односи со јавност г-н Етем Јалин, шефовите на кабинет г-дин Јунус Устундаг и Изет Ташар, како и предавачот на Универзитетот Ушак, г-н Енгин Услу.
На средбата се разговараше за трговските односи и инвестициите меѓу двете земји. Претседателот, г-н Ајдован Адемоски ги информираше гостите за работата и главните цели на МАТТО, наведувајќи дека од осамостојувањето на државата досега во Македонија се инвестирани приближно 2 милијарди долари од страна на бројни турски компании и дека од вкупните странски инвестиции во земјата 38% се инвестиции на турски инвеститори.
При тоа, г-н Ајдован Адемоски нагласувајќи дека една од главните цели на МАТТО е да се зголеми обемот на трговска размена меѓу Турција и Македонија на повеќе од 2 милијарди долари, ги покани членките на стопанските и индустриските комори Газиантеп и Елазиг да инвестираат во Северна Македонија.
Посетата на претставниците на стопанските комори од различни градови на Турција е дел од Еразмус+ проектот насловен како „Седум врати кон Европа“, кој е координиран од Универзитетот Ушак, а чија цел е да се создаде мрежа помеѓу стопанските и индустриските комори и да се обезбедат повеќе можности за практикантска работа помеѓу универзитетите од двете земји.

Share
Ознаки: