Back to Blog

МАТТО, беше домаќин на делегацијата на ДЕИК

Делегација на деловниот совет на ДЕИК/Турција-Северна Македонија ги посети просториите на МАТТО.

На средбата која се одржа во седиштето на МАТТО, во улога на домаќин беше копретседавачот г-дин Билал Суџубаши, присуствуваа и заменик претседателот, г-дин Имер Селмани, членовите на УО на МАТТО, и членовите на Светскиот турски деловен совет (ДТИК).

На средбата, на која беше презентиран профилот на државата и можните инвестиции, се разговараше за трговските односи меѓу Македонија и Турција, актуелните и потенцијалните области за инвестирање и за прашања поврзани со подготовките за Бизнис форумот планиран за декември.

Share this post

Back to Blog