Настанот “Приказната за успешноста на Ајдован Адемовски“ беше организиран од Меѓународен Балкански Универзитет, се одржа во Скопје на 15 декември 2015 во М6 образовен центар во Скопје.
Членка на МАТТО, Меѓународен Балкански Универзитет го претсави патот на успешноста на г. Ајдован Адемоски, сопственик на City Plaza Holding, и членка на МАТТО, пред студентите на Универзитетот. По преставувањето студентите можеа со своите биографии да си ги претстават интересите за пракса и вработување, во непосредна комуникација со г. Ајдемоски.

Ајдован Адемоски: “Не е воопшто срамно да се студира и да се работи
Денес се реализираше настан организиран од страна на Меѓународен Балкански Универзитет под назив “Приказната за успешноста на Ајдован Адемовски“
На настанот кој се одржа во М6 образовен центар присуствуваа Амбасадорот на Р.Турција во Скопје г-дин Омур Шолендил, Советникот за трговија при Амбасада на Р.Турција во Скопје г-дин Бунјамин Кутлу, Ркеторот на Меѓународен Балкански Универзитет г-дин Исмаил Коџајусуфоглу, Претседателот на МАТТО г-дин Ејуп Кахвеџи, Директорот на Институтот Јунус Емре г-дин Мехмет Самсакчи, Главен извршен директор на ХалкБанка г-дин Неџдет Палакчи, Генерален директор на Рамстор Македонија Ајхан Узун, како и голем број на поканети бизнисмени и студенти.
Поздравувајќи ги присутните Амбасадорот на Р.Турција во Скопје г-дин Омур Шолендил истакна дека Меѓународен Балкански Универзитет е основан со цел да се едуцираат идните лидери воедно ја честита и десетгодишнината од почетокот на образовниот живот на универзитетот.
Ректорот на Меѓународен Балкански Универзитет г-дин Исмаил Коџајусуфоглу претсавувајќи го Адемоски како единствено братство, не го претстави само како бизнисмен туку и како успешен човек.
Коџајусуфоглу го истакна следново:’’Јас се чуствувам како една индивидуа кој му дава важност на образванието ’’ Ми претставува огромна чест и задоволство за познанството со нашиот драг пријател Ајдован Адемоски, како и неговото запознавање со Вас.
Согласно програмата се прикажа едно кратко видео во кое се објаснува за животот на г-динот Адемоски.
Адемоски: Ние ќе ги подобриме трговските односи помеѓу двете земји.
Пренесувајќи го искуството на студентите, Почесниот конзул на Р.Турција во Битола и бизнисмен г-дин Ајдован Адемоски, придавајќи значење на образованието, воедно му придаде значење и на образованието и на работењето.
Г-дин Адемовски истакна дека уште на млади години студирал и работел ’’Учениците на училиште примаат теоретско знаење и би било ефикасно тоа знаење да го пренесат и во практика. Воопшто не е срамно да се студира и да се работи истовремено. Подобро е да се почне со работа уше од рана возраст отколку кога ќе се заврши со Универзитет.

Ајдован истакна дека семејствата и постарите генерации сакаа да ги видат своите деца како работат во институции како државни службеници, јас препорачувам да се остават децата да ја работат работата која ја сакаат. Да работат во престижни фирми за нивно подобрување. Успехот ќе дојде загарантирано. За да се биде успешен во една работа 50% зависи од вербата а останатата половина зависи од времето и работата.
Помеѓу Македонија и Турција се изградени мостови, ние ќе работиме со полна сила да ги зацврсниме трговските и културни односи и понатаму во иднина.
За развојот на трговските односи меѓу двете земји работиме заедно со Претседателот на Стопанска комора на Македонија-Турција МАТТО г-дин Ејуп Кахвеџи. Во оваа комора членуваат најпрестижните фирми на Р.Турција и Р.Македонија.
Кажувајќи околу идеите за тоа како ќе се развиваат економските односи г-дин Адемоски се обрати во следниве зборови: Студиите кои ги направивме како МАТТО и образованието со кое ќе се здобијат идните лидери ќе придонесе за поголемо развивање на трговските односи.
За крај г-дин Адемоски се заблагодари на Халк Банка Македонија за дадената поддршка.
На крајот на програмата од страна на Меѓународен Балкански Универзитет на г-дин Адемоски му беше врачена плакета.