Со официјална церемонија беше отворен почесниот конзулат на Република Северна Македонија во Едрене
Со официјална церемонија беше отворен почесниот конзулат на Република Северна Македонија во Едрене
Почесниот конзулат на Северна Македонија во Едрене денеска беше отворен со официјална церемонија со учество на министерот за надворешни работи г-дин Бујар Османи.
На церемонијата што ја организираше почесниот конзул г-дин Есер Џевахир присуствуваше и гувернерот на Едрене, г-дин Хусеин Куршат Кирбијк.
Нагласувајќи дека овој почесен конзулат е чекор што ќе ја зајакне соработката меѓу Туркије и Македонија, министерот за надворешни работи Османи истакна дека отворањето на почесниот конзулат се совпаѓа со 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете земји.
Османи „Нема да застанеме тука, ќе продолжиме да ја развиваме нашата соработка, верувам дека во оваа насока ќе придонесе и нашиот почесен конзул г-динот Есер Џевахир.
Почесниот конзулат во Едрене ќе ги покрива регионите Киркларели и Текирдаг заедно со Едрене.
На отворањето присуствуваше и делегација на МАТТО
Претседателот на МАТТО г-дин Ајдован Адемоски, копретседавачот г-дин Билал Суџубаши, заменик претседател г-дин Имер Селмани и членот на Управниот одбор г-дин Асмир Јахоски, присуствуваа на свеченото отворање на Почесниот конзулат на Република Северна Македонија во Едрене. Почесниот конзул во Едрене г-дин Есер Џевахир воедно е заменик претседател на МАТТО.
Средба помеѓу Османи и Гувернерот на Едрене, г-дин Хусеин Куршат Кирбијк
Министерот за надворешни работи г-дин Бујар Османи во рамките на неговата посета на Едрене се сретна и со гувернерот на Едрене, г-дин Хусеин Куршат Кирбијк.
На средбата беа разменети мислења за развојот на соработката меѓу Република Северна Македонија и Одринскиот регион.
Министерот Османи се сретна и со македонските студенти кои студираат на Универзитетот „Тракја“.