Ке ја задржиме макроеконмска стабилност порака на г-дин Димитар Богов, Гувернер на НБРМ на турските инвеститори
Турските инвеститори не размислуваат за повлекување на своите проекти од Македонија. Се надеваат на брзо разрешување на политичката криза за да може да реализираат и нови инвестиции, а во стабилноста на амбиентот за работа ги увери гувернерот на Народната банка на Република Македонија Димитар Богов на средба организирана од Македонско-турската стопанска комора, MATTO, одржана во хотелот Стон Бриџ, Скопје, на 28.05.2015. На средба учествуваат членовите на У.О. на МАТТО, а во присаство на Амбасадорот на Р.Турција во Скопје г-дин Омур Шолендил, економскиот советник Нимет Огуз, советникот од трговското аташе г-дин Буњамин Кутлу, како и голем број на бизнисмени и поканети.
Поздравувајќи го г. Димитар Богов, Гувернерот на НБРМ , претседателот на Македонско-турската стопанска комора Туна Ејуп нагласи дека Македонија во поглед на макроекономските показатели е најуспешна држава во Европа. Продолжувањето на овие успеси на македонската економија зависи од воспоставување на политичката стабилност и изрази надеж дека за краток период страните ќе се договорат и оваа криза ќе заврши. Според него, политичката ситуација има влијание врз инвестициите. – Политичката, економската стабилност и безбедноста се три основни фактори за инвестирање во некоја странска држава. Кога е загрозена политичката стабилност, тоа влијае и на другите два фактора, рече Ејуп.
Според Ајдован Адемовски, бизнисмен и почесен конзул на Турција во Македонија и член на УО на МАТТО, нема од што да се стравува бидејќи на Балканот сме научени на вакви ситуации. Изрази надеж за брзо завршување на кризата и нагласи дека започнатите турски инвестициони проекти ќе продолжат со реализацијата со досегашното темпо а се очекуваат и новите.
Гувернерот на Народната банка на Република Македонија Димитар Богов ги увери турските бизнисмени дека нема да бидат доведени во прашање стабилноста на македонската економија, макроекономската стабилност, стабилноста на денарот и дека може да сметаат на еден стабилен амбиент на работење. Во таа смисла тој нагласи дека за сега нема одстапување од проектираниот раст од 4.1 ниту се планира раст на референтната камата. До колку индикаторите во јуни месец укажат на надолен тренд тогаша ќе се разгледат сите опции – мерки за заштитата на макроекономска стабилност и поволен амбиент за инвеститорите. Гувернерот Богов ги повика турските инвеститори да проодолжат да инвестираат во македонската економија, посочувајќи дека турските бизнисмени како ценети инвеститори значително придонесоа за движењата во македонската економија.
При завршетокот на состанокот Амбасадорот на Р.Турција во Скопје г-дин Омур Шолендил во име на МАТТО му предаде плакета на г-дин Богов – захвалница за негов допринос во унапредување на приватно јавен дијалог у Република Македонија.