Back to Blog

(26.02.2019) ОБУКА ЗА ДИГИТАЛНА ЦАРИНА

МАТТО со Царинската Управа на РСМ,

МАТТО со Царинската Управа на РСМ, на 26.02.2019 (вторник), организираше информативна презентација на новиот систем за електронска обработка на царински декларации и акцизни документи (СОЦДАД), кој ќе почне да се применува од 1 јуни 2019 година. Преставници на Царинската управа г-дин Јовица Кипријановски, Началник на Одделение за гранични и транзитни формалности и Драган Ивановски, царински експерт на СОЦДАД, го презентираа новиот систем за обработка на царински и акцизни документи што започна да се користи во пилот продукција од почетокот на февруари оваа година. Претставниците на членките на МАТТО, како и студенти од Meѓународниот балкански универзитет слушнаа за придобивките од новиот систем за електронска царина и придобивките за компаниите во поглед на намалување на трошоците и олеснувањето на царинската постапка. Вакви обуки и презентации интензивно ќе се одржуваат во март и април за сите стопански комори и здруженија. Повеќе информации за дигиталната царина на

http://customs.gov.mk/index.php/mk/e-carina/socdad-mk-2

Share this post

Back to Blog