СРЕДБА НА МИНИСТЕРОТ СУГАРЕСКИ СО УПРАВНИОТ ОДБОР НА МАТТО
Гасификација предизвик за приватно јавно партнерство
Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески беше поканет на седницата на Управниот одбор на МАТТО (20.02.2019) со цел запознавање за инфраструктурните проекти во земјата и можноста за учество на турските стопанственици и инвеститори во нивна реализација. Заблагодарувајќи се на поканата, тој изрази задоволство што му е овозможено да се сретне со турските инвеститори во земјава, заедницата коа е важен фактор во развој на економијата и тука Владата гледа заеднички интерес.

Министерот Сугарески пред присутните ја образложи инвестициската програма на Владата за реализација на проекти во патната, железничката и комуналната инфраструктура и ги повика стопанствениците да земат активно учество во изградба на капиталните објекти во земјата.Тој го потенцираше планот на Владата и Министерството за транспорт и врски за изградба и реконструкција на преку 700 километри патна мрежа како и изгрaдба на железничкиот Коридор 8 кон Република Бугарија.Тој информира дека е набавен нов кредит во вредност од 50 милиони еура за изградба и ревилатизација на комуналната инфраструктура (водоводи и канализација).Како рече министерот, заедно со ТАВ заедно работиме на дел од овие проекти.
Од името на Управниот одбор е укажано за потребата за што побргу унапредувањење на патот Прилеп – Битола, Гостивар – Кичево и патот кон Коџаџик, што ќе подобри квалитет и интерес на турските туристи за престој во земјата. Поставено е и прашање да ли во земјата ќе заживее приватно јавно партнерство во сфера на инфраструктурен развој, бидејќи во Турција таков пристап дава одлични резултати. Министер Сугарески одговори:“Владата размислува за примена на овој модел на развој и цениме дека, за сега, реална шанса е да се примени во секундарна и терцијална гасификација“. Тој препорача да се стапи во контакт со градоначелниците на општините и да се согледат можностите.Од страна на г. Ајдован Адемоски, претседателот на МАТТО, беше препорачано Владата да стапи во контакт со Ексим банка од Турција и да разгледа што поддршка и соработка би била можна во оваа сфера. Исто така, тој замоли да Владата разгледа можност за основање на ТИРЗ во гевгелијско бидејќи за такво нешто постои реален голем интерес меѓу компаниите во Република Турција.

