Back to Blog

Стоковна размена со странство, јануари – март 2024 година

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – март 2024 година, изнесува 118 937.2 милиони денари и бележи пад од 9.3 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари – март 2024 година, изнесува 168 616.3 милиони денари, што е за 0.9 % помалку во споредба со истиот период од претходната година.

Трговскиот дефицит, во периодот јануари-март 2024 година, изнесува 49 679.1 милиони денари.

Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари – март 2024 година, изнесува 70.5 %.

Стоковна размена изразена во САД долари

Во периодот јануари – март 2024 година, Р.С Македонија има остварено вкупна трговска размена со Р. Турција во вредност од 230 312 милиони САД долари што е за 0,4 % зголемена споредено со истиот период во 2023 г. Од тоа, извоз во Р. Турција изнесува 39 454 милиони САД долари што претставува намален за 35.1 % во однос на ист период 2023 г. Увозот е зголемен за 13,1% и изнесува 190 858 милиони САД долари. Р. Турција седми трговски партнер на Р.С. Македонија, редоследно Германија, Велика Британија, Грција, Србија, Бугарија, Кина и Турција.

(Државен завод за статистика на Р.С.М, 07.05.2024).

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и други катализатори на носачи. Во увозот најмногу се застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав и електричната енергија.

Во периодот јануари – март 2024 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Северна Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија, Бугарија, Кина и Турција.

Share this post

Back to Blog