Back to Blog

Стоковна размена со странство, јануари – април 2025 година

Во периодот јануари – април 2025 година, извозот во секторот Пијалаци и тутун бележи пораст во споредба со периодот јануари – април 2024 година

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – април 2025 година, изнесува  160 217.8 милиони денари и бележи пад од 1.5 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари – април 2025 година, изнесува  229 440.5 милиони денари, што е за 0.8 % помалку во споредба со истиот период од претходната година.

Стоковна размена изразена во САД долари

Во периодот јануари – април 2025 година, Р.С Македонија има остварено вкупна трговска размена со Р. Турција во вредност од 316 809 милиони САД долари што е за 2.3 % зголемена споредено со истиот период во 2024 г.  Од тоа, извоз во Р. Турција изнесува 47 147 милиони САД долари што претставува намален за 11.6 % во однос на ист период 2024 г. Увозот е зголемен за 5,2% и изнесува 269 663 милиони САД долари.

Р. Турција седми трговски партнер на Р.С. Македонија, редоследно Германија, Велика Британија, Грција,  Србија, Кина, Бугарија и Турција.

Трговската размена по производи според Стандардната меѓународна трговска класификација покажува дека во извозот најголемо е учеството на: катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и други катализатори на носачи.

Во увозот најмногу се застапени: нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав и електричната енергија.

Во периодот јануари – април 2025 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, најмногу се тргувало со Германија, Велика Британија, Грција,  Србија, Кина, Бугарија и Турција, кои учествуваат со  46.8 % во вкупниот обем на размената. Земјите членки на Европската Унија учествуваат со 60.6 % во вкупната размена.

Извоз јануари – април 2025 година година во однос на јануари – март 2024 година 2 785.5 милиони САД долари: -2.5 %

 Увоз јануари – април 2025 година во однос на јануари – март 2024 година 3 983.8 милиони САД долари: -2.0 %

Share this post

Back to Blog