Back to Blog

Надворешна трговска размена, јануари – ноември 2020 година

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во перидот јануари – ноември 2020 година, изнесува 5 970 157 илјади САД долари и бележи пад од 9.9 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 7 744 550 илјади САД долари, што е за 9.7 % помалку во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во перидот јануари – ноември 2020 година, изнесува 1 774 394 илјади САД долари
Покриеноста на увозот со извоз, во перидот јануари – ноември 2020 година, изнесува 76.9 %.
Во единаесет месеци на 2020 година, Р.С Македонија има остварено вкупна трговска размена со Р. Турција во вредност од 477 260 илјади САД долари што е за 1.6% помалку споредено со истиот период во 2019 г. Од тоа, извоз во Р. Турција изнесува 84 931 илјади САД долари што претставува зголемен за 5.4% во однос на ист период 2019 г. Увозот е намален за 3.% и изнесува 392 329 илјади САД долари. Р. Турција девети трговски партнер на Р.С. Македонија, редоследно по Германија, Велика Британија, Србија, Кина, Грција, Бугарија, Италија и Турција. (Државен завод за статистика на Р.С.М , 08.01.2021).
Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и фероникелот. Во увозот се најмногу застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), плоснатоваланите производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени и другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав.
Во периодот јануари – ноември 2020 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Северна Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Србија, Кина и Грција.

Share this post

Back to Blog