Стоковна размена со странство, јануари – јули 2022 година
Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари-јули 2022 година, изнесува 293 948 338 илјади денари и бележи пораст од 19.4 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари- јули 2022 година, изнесува 426 257 913 илјади денари, што е за 26.9 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година.
Трговскиот дефицит, во периодот јануари-јули 2022 година, изнесува 132 309 574 илјади денари. Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари-јули 2022, изнесува 69.0 %.
Стоковна размена изразена во САД долари
Во периодот јануари – јули 2022, Р.С Македонија има остварено вкупна трговска размена со Р. Турција во вредност од 598 815 илјади САД долари што е за 46.4% зголемен споредено со истиот период во 2021 г. Од тоа, извоз во Р. Турција изнесува 125 003 илјади САД долари што претставува зголемен за 55,6% во однос на ист период 2021 г. Увозот е зголемен за 44,1% и изнесува 473 812 илјади САД долари. Р. Турција шести трговски партнер на Р.С. Македонија, редоследно Германија, Велика Британија, Грција, Србија, Бугарија, Турција, Кина и Италија. (Државен завод за статистика на Р.С.М , 07.09.2022).
Tрговската размена по производи покажува дека во извозот е најголемо учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, фероникелот и деловите на седишта од подгрупата 821.1. Во увозот се најмногу застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, електричната енергија и благородни метали во колоидна состојба; соединенија, органски или неоргански, од благородни метали, хемиски дефинирани или недефинирани; амалгами од благородни метали.
Во периодот јануари-јули 2022 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Северна Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија, Турција и Бугарија.
Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари-јули 2022 година, изнесува 5 158 724 илјади САД долари и бележи пораст од 7.4 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 7 485 267 илјади САД долари, што е за 14.3 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-јули 2022 година, изнесува 2 326 543 илјади САД долари.