Back to Blog

Стоковна размена со странство, јануари – декември 2022 година

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – декември 2022 година, изнесува 511 444 064 илјади денари и бележи пораст од 19.9 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари – декември 2022 година, изнесува 747 191 286 илјади денари, што е за 25.8 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Трговскиот дефицит, во периодот јануари – декември 2022 година, изнесува 235 747 221 илјади денари.

Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари – декември 2022, изнесува 68.4 %.

Стоковна размена изразена во САД долари

Во периодот јануари – декември 2022, Р.С Македонија има остварено вкупна трговска размена со Р. Турција во вредност од 1 031 548 илјади САД долари што е за 32.9% зголемен споредено со истиот период во 2021 г. Од тоа, извоз во Р. Турција изнесува 222 063 илјади САД долари што претставува зголемен за 46,8% во однос на ист период 2021 г. Увозот е зголемен за 29.5% и изнесува 809 485 илјади САД долари. Р. Турција седми трговски партнер на Р.С. Македонија, редоследно Германија, Велика Британија, Грција, Србија, Бугарија, Кина и Турција. (Државен завод за статистика на Р.С.М , 08.02.2023).

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и други катализатори на носачи. Во увозот најмногу се застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, електричната енергија и благородни метали во колоидна состојба; соединенија, органски или неоргански, од благородни метали, хемиски дефинирани или недефинирани; амалгами од благородни метали.

Во периодот јануари – декември 2022 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Северна Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Бугарија.

 Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – декември 2022 година, изнесува 8 729 356 илјади САД долари и бележи пораст од 6.6 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во истиот период, изнесува 12 756 765 илјади САД долари, што е за 12.0 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Трговскиот дефицит, во периодот јануари – декември 2022 година, изнесува 4 027 408 илјади САД долари.

Share this post

Back to Blog