Back to Blog

Стоковна размена со странство, јануари – ноември 2023 година

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – ноември 2023 година, изнесува 471 881 185 илјади денари и бележи пораст од 0.1 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари – ноември 2023 година, изнесува 627 225 640 илјади денари, што е за 8.4 % помалку во споредба со истиот период од претходната година.

Трговскиот дефицит, во периодот јануари – ноември 2023 година, изнесува 155 344 455 илјади денари.

Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари – ноември 2023 година, изнесува 75.2 %.

Стоковна размена изразена во САД долари

Во периодот јануари – октомври 2023 година, Р.С Македонија има остварено вкупна трговска размена со Р. Турција во вредност од 813 324 илјади САД долари што е за 14.0 % намален споредено со истиот период во 2022 г. Од тоа, извоз во Р. Турција изнесува 176 717 илјади САД долари што претставува намален за 13.4 % во однос на ист период 2022 г. Увозот е намален за 14,2% и изнесува 636 606 илјади САД долари. Р. Турција седми трговски партнер на Р.С. Македонија, редоследно Германија, Велика Британија, Грција, Кина, Србија, Бугарија, и Турција.

(Државен завод за статистика на Р.С.М, 09.01.2024).

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и други катализатори на носачи. Во увозот најмногу се застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав и други моторни возила за превоз на лица.

Во периодот јануари – ноември 2023 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Северна Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Кина, Србија, Бугарија, и Турција.

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – ноември 2023 година, изнесува 8 278 942 илјади САД долари и бележи пораст од 3.0 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 11 006 101 илјада САД долари, што е за 5.8 % помалку во споредба со истиот период од претходната година.

Трговскиот дефицит, во периодот јануари – ноември 2023 година, изнесува 2 727 159 илјади САД долари.

Share this post

Back to Blog