Стоковна размена со странство, јануари- мај 2023 година
Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – мај 2023 година, изнесува 219 268 075 илјади денари и бележи пораст од 5.9 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари – мај 2023 година, изнесува 283 565 899 илјади денари, што е за 7.6 % помалку во споредба со истиот период од претходната година.
Трговскиот дефицит, во периодот јануари – мај 2023 година, изнесува 64 297 824 илјади денари.
Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари – мај 2023 година, изнесува 77.3 %.
Стоковна размена изразена во САД долари
Во периодот јануари- мај 2023 година, Р.С Македонија има остварено вкупна трговска размена со Р. Турција во вредност од 383 225 илјади САД долари што е за 10.0 % намален споредено со истиот период во 2022 г. Од тоа, извоз во Р. Турција изнесува 93 580 илјади САД долари што претставува зголемен за 0.7 % во однос на ист период 2022 г. Увозот е намален за 11,7% и изнесува 289 645 илјади САД долари. Р. Турција седми трговски партнер на Р.С. Македонија, редоследно Германија, Велика Британија, Грција, Србија, Кина, Бугарија, и Турција. (Државен завод за статистика на Р.С.М, 06.07.2023).
Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, електричната енергија и плоснатоваланите производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени. Во увозот најмногу се застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав и благородни метали во колоидна состојба; соединенија, органски или неоргански, од благородни метали, хемиски дефинирани или недефинирани; амалгами од благородни метали.
Во периодот јануари – мај 2023 година, според вкупниот обем на надворешно трговската размена, Република Северна Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија, Кина, Бугарија, и Турција.
Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – мај 2023 година, изнесува 3 843 601 илјада САД долари и бележи пораст од 4.1 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 4 971 655 илјади САД долари, што е за 9.2 % помалку во споредба со истиот период од претходната година.
Трговскиот дефицит, во периодот јануари – мај 2023 година, изнесува 1 128 054 илјади САД долари