Back to Blog

Надворешнa трговија јануари – ноември 2021

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари-ноември 2021 година, изнесува 390 084 637 илјади денари и бележи пораст од 20.9 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари- ноември 2021 година, изнесува 535 648 203 илјади денари, што е за 27.7 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Трговскиот дефицит, во периодот јануари-ноември 2021 година, изнесува 145 563 566 илјади денари.

Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари-ноември 2021 година, изнесува 72.8 %.

Стоковна размена изразена во САД долари

Во периодот јануари – ноември, Р.С Македонија има остварено вкупна трговска размена со Р. Турција во вредност од 696 416 илјади САД долари што е за 45.9% зголемен споредено со истиот период во 2020 г.

Од тоа, извоз во Р. Турција изнесува 136 001 илјади САД долари што претставува зголемен за 61,1% во однос на ист период 2020 г. Увозот е зголемен за 42,8% и изнесува 560 415 илјади САД долари. Р. Турција седми трговски партнер на Р.С. Македонија, редоследно Германија, Велика Британија, Грција, Србија, Кина, Бугарија, Турција и Италија. (Државен завод за статистика на Р.С.М , 10.01.2022).

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и фероникелот. Во увозот се најмногу застапени другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), платината и легурите на платина, необработени или во прав и керамичките производи за лабораториска, хемиска и индустриска употреба.

Во периодот јануари-ноември 2021 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Северна Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Србија, Грција и Кина.

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари-ноември 2021 година, изнесува 7 518 231 илјада САД долари и бележи пораст од 25.9 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 10 319 711 илјади САД долари, што е за 33.2 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-ноември 2021 година, изнесува 2 801 480 илјади САД долари.

Share this post

Back to Blog