Стоковна размена со странство, јануари – декември 2020 година – дефинитивни податоци
Според дефинитивните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – декември 2020 година, изнесува 356 547 559 илјади денари и бележи пад од 9.9 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари – декември 2020 година, изнесува 468 688 576 илјади денари, што е за 9.7 % помалку во споредба со истиот период од претходната година.
Трговскиот дефицит, во периодот јануари – декември 2020 година, изнесува 112 141 017 илјадa денари. Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари – декември 2020 година, изнесува 76.1 %.
Стоковна размена изразена во САД долари
Во периодот јануари – декември , Р.С Македонија има остварено вкупна трговска размена со Р. Турција во вредност од 542 711 илјади САД долари што е за 0.5% зголемен споредено со истиот период во 2019 г. Од тоа, извоз во Р. Турција изнесува 97 677 илјади САД долари што претставува зголемен за 12,0% во однос на ист период 2019 г. Увозот е намалено за 0,1% и изнесува 445 033 илјади САД долари. Р. Турција осми трговски партнер на Р.С. Македонија, редоследно Германија, Велика Британија, Грција, Србија, Кина, Бугарија, Турција и Италија. (Државен завод за статистика на Р.С.М , 28.04.2022).
Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и фероникелот. Во увозот се најмногу застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), плоснатоваланите производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени и другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав.
Во периодот јануари – декември 2020 година, според вкупниот обем на надворешно трговската размена, Република Северна Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Србија, Кина и Грција.
Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари –декември 2020 година, изнесува 6 636 824 илјади САД долари и бележи пад од 7.8 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 8 715 109 илјади САД долари, што е за 7.7 % помалку во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – декември 2020 година, изнесува 2 078 285 илјади САД долари