Back to Blog

Стоковна размена со странство, јануари-март 2026 година

Во првото тримесечје од 2026 година е забележан раст на извозот на Република Северна Македонија во однос на истиот период од 2025 година.

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија во периодот јануари – март 2026 година изнесува 123.222,8 милиони денари, што претставува пораст од 3,76 % во однос на истиот период од претходната година.

Вредноста на увезената стока во истиот период изнесува 171.926,4 милиони денари, што е за 0,60 % повеќе во споредба со истиот период од 2025 година.

Надворешна трговија изразена во американски долари

Во периодот јануари – март 2026 година, вкупната трговска размена меѓу Република Северна Македонија и Република Турција изнесува 232,884 милиони американски долари, што претставува намалување од 2,1 % во споредба со истиот период од 2025 година.

Трговска размена со Република Турција

  • Извоз во Република Турција:
    45,745 милиони американски долари (+27,4 %)
  • Увоз од Република Турција:
    187,139 милиони американски долари (-7,4 %)

Република Турција е седми најголем трговски партнер на Република Северна Македонија.

Редоследот на водечките трговски партнери е следниот: Германија, Велика Британија, Грција,Кина,Србија,Бугарија и Турција

Структура на трговската размена по производи

Трговската размена по производи, според Стандардната меѓународна трговска класификација, покажува дека во извозот најголемо учество имаат:

  • катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија;
  • сетовите на проводници за палење и слична опрема за возила, авиони или бродови;
  • деловите за седишта од подгрупата 821.1;
  • други катализатори на носачи.

Во увозот најмногу се застапени:

  • платина и легури на платина, необработени или во прав;
  • други метали од платинската група и нивни легури;
  • нафтени масла и масла добиени од битуменозни минерали (освен сурови);
  • моторни возила за превоз на лица.

Главни трговски партнери

Во периодот јануари – март 2026 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, најмногу се тргувало со Германија, Велика Британија, Грција, Кина, Србија, Бугарија и Турција. Овие земји учествуваат со 49,8 % во вкупниот обем на размената.

Земјите членки на Европската Унија учествуваат со 58,6 % во вкупната трговска размена.

Извоз и увоз

(јануари – март 2026 година во однос на јануари – март 2025 година)

  • Извоз: 338,1 милиони американски долари (+15,1 %)
  • Увоз: 265,1 милиони американски долари (+11,8 %)

Share this post

Back to Blog