Back to Blog

Надворешна трговска размена јануари – Октомври 2020

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во перидот јануари – октомври 2020 година, изнесува 5 285 376 илјади САД долари и бележи пад од 11.9 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 6 921 008 илјади САД долари, што е за 10.8 % помалку во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во перидот јануари – октомври 2020 година, изнесува 1 635 633 илјади САД долари.

Покриеноста на увозот со извоз, во перидот јануари – октомври 2020 година, изнесува 76.2 %.

Во десете месеци на 2020 година, РС Македонија има остварено вкупна трговска размена со Р. Турција во вредност од 422 504 илјади САД долари што е за 7.2% помалку споредено со истиот период во 2019 г. Од тоа, извоз во Р. Турција изнесува 74 602 илјади САД долари што претставува зголемен за 2.3% во однос на ист период 2019 г. Увозот е намален за 6.1% и изнесува 347 901 илјади САД долари. Р. Турција е и понатаму осми трговски партнер на Р.С. Македонија, редоследно по Германија, Англија, Грција, Србија, Италија, Бугарија и Кина. (Државен завод за статистика на РСМ , 7.12..2020).

Трговската размена по производи покажува дека во извозот е најголемо учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1  и фероникелот. Во увозот се најмногу застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), плоснатоваланите производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени и другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав.

Во периодот јануари – октомври 2020 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Северна Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Србија, Кина и Грција.

Share this post

Back to Blog