Back to Blog

Стоковна размена со странство, јануари – август 2025 година

Во периодот јануари – август 2025 година, извозот бележи пораст во споредба со периодот јануари – август 2024 година

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – август 2025 година, изнесува 325 133.2 милиони денари и бележи пораст од 1.8 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари – август 2025 година, изнесува 464 340.0 милиони денари, што е за 2.7 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Стоковна размена изразена во САД долари

Во периодот јануари – август  2025 година, Р.С Македонија има остварено вкупна трговска размена со Р. Турција во вредност од 670 134 милиони САД долари што е за 4.8 % зголемена споредено со истиот период во 2024 г.  Од тоа, извоз во Р. Турција изнесува 93 960 милиони САД долари што претставува намален за 16.6 % во однос на ист период 2024 г. Увозот е зголемен за 9,4 % и изнесува 576 175 милиони САД долари.

Р. Турција седми трговски партнер на Р.С. Македонија, редоследно Германија, Велика Британија, Кина, Грција,  Србија, Бугарија и Турција.

Трговската размена по производи според Стандардната меѓународна трговска класификација покажува дека во извозот најголемо е учеството на: катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и други катализатори на носачи.

Во увозот најмногу се застапени: нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав и електричната енергија.

Во периодот јануари – август 2025 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, најмногу се тргувало со Германија, Велика Британија, Кина, Грција,  Србија, Бугарија и Турција, кои учествуваат со 47.7 % во вкупниот обем на размената. Земјите членки на Европската Унија учествуваат со 59.8 % во вкупната размена.

Извоз   јануари – август 2025 година во однос на јануари – август 2024 година

  • 5 867.8 милиони САД долари: +4.3 %

Увоз  јануари – август 2025 година во однос на јануари – август 2024 година

8 376.7 милиони САД долари: +5.3 %

Share this post

Back to Blog