Стоковна размена со странство, јануари-февруари 2022 година
Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – февруари 2022 година, изнесува 75 047 029 илјади денари и бележи пораст од 13.5 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари – февруари 2022 година, изнесува 110 320 659 илјади денари, што е за 30.6 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година.
Трговскиот дефицит, во периодот јануари – февруари 2022 година, изнесува 35 273 630 илјади денари. Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари – февруари 2022, изнесува 68.0 %.
Стоковна размена изразена во САД долари
Во периодот јануари – февруари 2022, Р.С Македонија има остварено вкупна трговска размена со Р. Турција во вредност од 142 697 илјади САД долари што е за 48.7% зголемен споредено со истиот период во 2021 г. Од тоа, извоз во Р. Турција изнесува 34 449 илјади САД долари што претставува зголемен за 52,2% во однос на ист период 2021 г. Увозот е зголемен за 47,6% и изнесува 108 247 илјади САД долари. Р. Турција седми трговски партнер на Р.С. Македонија, редоследно Германија, Велика Британија, Грција, Бугарија, Србија, Кина, Турција и Италија. (Државен завод за статистика на Р.С.М , 07.04.2022).
Трговската размена по производи покажува дека во извозот е најголемо учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, фероникелот и деловите на седишта од подгрупата 821.1. Во увозот најмногу се застапени електричната енергија, другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови) и платината и легурите на платина, необработени или во прав.
Во периодот јануари – февруари 2022 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Северна Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Бугарија и Србија.
Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – февруари 2022 година, изнесува 1 378 489 илјади САД долари и бележи пораст од 5.9 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 2 026 965 илјади САД долари, што е за 22.0 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – февруари 2022 година, изнесува 648 476 илјади САД долари.