Бизнис средби помеѓу македонските компании и компании од Делегацијата на трговско индустриска комора Бандирма, Република Турција, во посета на МАТТО
Коморската дваесетчлена деловна делегација од Бандирма, југоисточниот крај на Мраморното море, престојува во земјата со цел запознавање со деловната и инвестициона клима. Во МАТТО беа организирани билатералните средби со македонските компании во областа на текстил, млекарство, прехранбени производи, добиточна храна, нафтени производи, садници, транспорт, амбалажа, хартиена индустрија и печатење, автомобилски делови, градежништво, трговија на мало и големо.

Потпретседателите на МАТТО, г. Алпер Тунга Ерсој, генерален менџер на ТАВ Македонија, г-ѓа Букет Герекчи, извршен директор на Халк Банк, г-дин Буњамин Кутлу, трговски советник и г-дин Ѓуркан Гезер, економски советник во Амбасадата на Република Турција во Скопје, ги запознаа гостите со економијата на земјата, евроатлантските перспективи, регионални можности за безцаринската трговија и услови за работа и инвестирање, како и со искуствата на турските инвеститори, членки на МАТТО.

Г. Мехмет Килкишли, претседателот на Трговско индустриска комора на Бандирма, основана во 1926 година и која денес брои 2400 членки, од името на делегацијата изрази интерес за соработка во Македонија, бидејќи земјата со својата геостратешка положба, отвореност на пазарот и еуроинтеграции е ветувачка трговска и инвестициона дестинација.
Двете комори потпишаа Договор за соработка.

