Back to Blog

MATTO потпиша протокол за соработка со Стопанската комора на Анкара

На 12 Октомври 2010 година е потпишан договор од страна на Претседателот на Стопанската комора на Анкара Г-дин Синан Ајѓул и Претседателот на МАТТО Г-дин Туна Ејуп КАХВЕЏИ, со цел на соработка помеѓу две комори. На овој договор се потпиша и Вицепремиерот Г-дин Абдилаким Адеми, кој присуствуваше во својство на набљудувач.
Договорот ги содржи следните :
–    Двете страни, со своите можности и компетентности имаат за цел да ја потикнат взаемната економска соработка, како и корисните иницијативи помеѓу трговските друштва од Македонија и Турција.
–    Стопанската комора на Македонија – Турција и Стопанската комора на Анкара  разменуваат информации од своите земји, во врска со потребните процедури кои се во сила на закон.
–    Страните меѓусебно разменуваат информации во врска со средби со делегации, саеми, изложби и можностите за пазарните истражувања во своите земји и истите информаци им ги пренесуваат на своите членови и помагаат за присуство на истите.
–    Страните од аспект на своите надлежности подржуваат и соработуваат за организирање на деловни посети со цел на овозможување на деловни средби помеѓу трговските друштва од Македонија и Турција.

Договорот е утврден од страна на Управниот одбор на МАТТО на редовната седница одржана на 01 Ноември 2010 година.

Share this post

Back to Blog