Back to Blog

МАТТО и нејзините членки со донации на лаптопи за наставниците во 14 општини во 25 училишта во Република Северна Македонија

Стопанската комора Македонија-Турција(МАТТО) и нејзините членки со цел да не сопре образовниот процес во Република Северна Македонија, а воедно и истиот да тече континуирано, како и да се подобрува во ек на КОВИД-19 пандемија, донираа лаптопи за наставници во училиштата ширум државата.
МАТТО и нејзините членки донираа 61 лаптоп во 25 училишта во 14 општини низ државата наменети за наставниците главно во руралните средини.
Оваа активност на МАТТО и нејзините членки следи по одлуката на Министерството за образование и наука образовниот процес во учебната 2020/2021 година да се одвива онлајн.

МАТТО во рамки на активностите за општествена одговорност, како и нејзините членки како општествено одговорни компании посетија низа на општини и училишта каде остварија средби со наставниците. 

Во рамките на акцијата освен самата Стопанска комора Македонија-Турција која донираше 10 лаптопи, донираа и Халк банка – 10 лаптопи, Сити Плаза холдинг – 5 лаптопи, ТАВ Македонија ДООЕЛ- 5 лаптопи, Ерак Груп ДООЕЛ – 5 лаптопи, Клиничката болница Аџибадем Систина –  5 лаптопи, Меѓународно училиште Маариф – 3 лаптопи, ТФИ ТАБ Гида Јатиримлари (Кинг бургер и Уста донер) – 3 лаптопи, Сити Плаза ДОО Скопје – 2 лаптопи, Стоун Бриџ Хотел – 3 лаптопи, Лимак холдинг – 5 лаптопи, Пуцко Петрол ДООЕЛ – 5 лаптопи. 

Во име на МАТТО, Сити Плаза ДОО Скопје донираше лаптопи на Општина Центар кои беа дистрибуирани на наставници во училиштата. 

Во име на МАТТО членките на Комората донираа лаптопи за основното училиште „Тефејуз“, Скопје, за основното училиште „Истикбал”, Тетово;  Скопје; за основно училиште „Мустафа Кемал Ататурк“, Општина Студеничани; основно училиште „Крсте Петков Мисирков“ и основно училиште „Никола Карев“ во Општина Радовиш; за основно училиште „Али Фетхи Окјар“ во Општина Долнени; основно училиште „Кирил и Методиј“ во општина Прилеп; основно училиште „Браќа Миладиновци“ во Општина Могила, Битола; во Општина Валандово се донираше во подрачните основни училишта „Цветан Димов“, „Моша Пијаде“, „Намик Ќемал“, „29 Ноември“; во Општина Дојран во основното училиште „Кочо Рацин“, во Општина Струмица во основните училишта „Гоце Делчев“, „Даме Груев“ и „Маршал Тито“, во Општина Центар Жупа во основното училиште „Неџати Зекерија“, Коџаџик, како и во подрачните училишта во селата Елевци, Брештани, Праленик, Новак; во Општината Пласница во основното училиште „Мустафа Кемал Ататурк“, и во основното училиште „Јунус Емре“, село Лисичани кое е во рамки на истата општина; во Општина Карбинци, Штип  во основното училиште „Страшо Пинџур“; во Општина Ресен за основно училиште „Браќа Миладиновци, село Царев Двор. 

Активностите во врска со дистрибуција на донациите од МАТТО и нејзините членки беа во организација на весникот „Јени Балкан“. 

Share this post

Back to Blog