Back to Blog

Бизнис форум во организација на МАТТО со Стопанската и индустриска комора на Чорлу

Денес во Скопје се одржа бизнис форум во соработка на Стопанската комора на Македонија-Турција (МАТТО) со Стопанска и индустриска комора Чорлу. На бизнис форумот се разговараше за можностите за инвестирање во Република Северна Македонија.
На бизнис форумот присуствуваа Заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции г-дин Фатмир Битиќи, амбасадорот на Република Туркије во Скопје, г-дин Хасан Мехмет Секизкок, претседателот на МАТТО, г-дин Ајдован Адемоски, претседателот на Стопанската и индустриска комора на Чорлу, г-дин Иззет Волкан, претставници на Стопанската и индустриска комора на Чорлу и членови на одборот на МАТТО.

„Најистакнатите турски компании се членки на МАТТО“
Претседателот на МАТТО, г-дин Ајдован Адемоски, во своето воведно обраќање истакна дека најистакнатите турски компании кои инвестираат во речиси сите полиња во Република Северна Македонија се членки на МАТТО.
Адемоски: „Членовите на МАТТО овозможуваат повеќе од 20 илјади вработувања низ државата. Целта на денешната средба е што повеќе да се зголемат индустриските инвестиции и можностите за вработување во нашата земја. Една од нашите цели е да им овозможиме на компаниите од нашата земја да инвестираат во Туркије преку Стопанската и индустриска комора на Чорлу и да имаат можност да се отворат на пазар од 85 милиони“. На крајот, Адемоски посочи дека од големо значење е ажурирањето на договорот за слободна трговија меѓу двете земји.
„Свесни сме за можностите кои им се пружаат на турските инвеститори“
Претседателот на Стопанската и индустриска комора на Чорлу, г-дин Изет Волкан изјави дека овој состанок го одржале со цел да се подобри комерцијалната соработка помеѓу Р.Туркије и Р.Северна Македонија и да се зголеми обемот на трговијата.
Волкан во продолжение на своето обраќање: „Свесни сме за можностите што регионот, особено во процесите на Европската Унија, ги нуди за турските инвеститори.
Истакнувајќи дека Чорлу, кој има приближно 2 милиони жители, е на централна позиција во однос на индустријата и трговијата.

„Турските компании се барани и потребни партнери во Македонија“
Амбасадорот на Р.Туркије во Скопје, г-дин Хасан Мехмет Секизкок, истакна: „Турските компании успешно завршија многу инфраструктурни проекти и инвестиции во различни сектори, како во балканските земји, така и во Македонија. Тие гордо ја претставуваа Р.Туркије. Со задоволство забележуваме дека нашите економски односи со Република Северна Македонија следат курс кој постојано се подобрува. Турските компании со своите висококвалитетни инвестиции докажаа дека се баран и потребен партнер во Република Северна Македонија. Многу сме задоволни што турските компании даваат додадена вредност на македонската економија“.

„Подготвени сме да ги укинеме царинските тарифи“
Вицепремиерот Фатмир Битиќи изразувајќи го своето задоволство за присуството на денешната средба, изјави дека народите на Туркије и Македонија се братски народи.
Привлекувајќи внимание на договорот за слободна трговија во своето обраќање, Битиќи истакна: „Процесот на ажурирање и развивање на постојниот договор за слободна трговија меѓу двете земји е во завршна фаза. Сметаме дека реализацијата на ова ќе ги зголеми меѓусебните трговски можности и обемот меѓу двете земји. Показател дека нашата влада работи во оваа насока е укинувањето на сите царински тарифи за млекото и млечните производи поради украинската криза. Ова го направивме привремено за да го набљудуваме интересот на двете страни во оваа насока. Секако, би сакал да констатирам дека сме подготвени за трајно укинување на сите царински тарифи“.

Од кабинетот на вицепремиерот беше одржана презентација на која детално се разговараше за можностите за инвестирање во Македонија.
Програмата заврши со врачување на плакета од Стопанската и индустриска комора на Чорлу.

Share this post

Back to Blog