МАТТО ја зајакнува соработката со Центарот за развој на Вардарски плански регион
На покана на членот на МАТТО, Мој Дилер, со учество на министерот за локална самоуправа на Република Северна Македонија, г-дин Ристо Пенов, и домаќин на настанот, градоначалникот на Општина Кавардарци, г-дин Митко Јанчев, во петокот беа претставени противпожарни возила на општините Кавдарци, Неготино, Велес и Свети Николе. Со делегацијата присуствуваа членовите на Управниот одбор на MATTO, заменик претседателот и член на Извршниот одбор на Халкбанк, г-ѓа Букет Герекчи и главен трговски советник при Амбасада на Р.Турција во Скопје, г-дин Огузхан Бербер.
Додека вкупната вредност на 4-те противпожарни возила изнесуваше 32 милиони денари, Министерството за локални самоуправа покри 24 милиони денари, а општините ги покрија останатите 8 милиони денари.
По повод свеченоста се одржа средба на министерот за локална самоуправа Ристо Пенов со Одборот за развој на Вардарскиот плански регион и градоначалниците на Кавадарци, Неготино, Велес, Свети Николе и МАТТО. На средбата се разговараше за чекорите кои треба да се преземат за развој на регионот и можностите за соработка.
Дилерот на Форд, Мој дилер, пласира возила на Форд во Република Северна Македонија, произведени во Република Туркије.