Претседателот на МАТТО,г-дин Ајдован Адемоски заедно со делегација оствари средба со Претседател на УО на братската комора ИТО,г-дин Шекиб Авдагич.
Претседателот на МАТТО,г-дин Ајдован Адемоски, Копретседавач Др. Билал Суџубаши и заменик претседател г-дин Есер Џевахир, денес во Турција остварија средба со г-дин Шекиб Авдагич, Претседател на УО на Стопанска комора Истанбул (ИТО).
За време на состанокот, покрај евалуацијата на состојбата на трговските односи меѓу двете земји за време на пандемискиот процес, исто така беше разговарано дека членките на МАТТО треба да бидат засегнати од процесот со најмала штета и да имаат корист од некои можности што ќе ги создаде сегашната глобална криза на најефикасен начин во регионална смисла, особено во Северна Македонија.
Исто така, за време на состанокот беа разменети идеи за отворање на компании-членки на МАТТО кон 3-ти земји, каде што се силни активностите за економско лобирање на Турција, преку соработка меѓу двете земји, додека од друга страна, беше разговарано дека компании од други земји планираат да инвестираат во Северна Македонија и дека треба да соработуваат со компаниите членки на МАТТО. Дискутираа за моделите што ќе ја зголемат соработката.
Освен ова, прашањето за поддршка на спречување на заминување на младите преку зголемување на вработеноста и обезбедување иновативни и напредни деловни модели на земјата преку соработка на искусни турски компании со членовите на МАТТО во поглед на учество во технолошки ориентирани сектори на пазарот во Северна Македонија, кои се најдоа во центарот на вниманието особено за време на пандемијата. Како братска комора, делегацијата на МАТТО му додели плакета на г-дин Шекип Авдагич, претседател на Управниот одбор на Истанбулската трговска комора (ИТО), во чест на нашата меѓусебна соработка.