МАТТО ја оддржа редовната месечна седница на Управен Одбор со присуство на г-дин Крешник Бектеши,Министер за Економија на Р.Македонија
6.февруари 2018 – Турција е значаен трговски партнер на Македонија и трговската размена бележи раст. Добредојдени се инвестиции во стратешките сектори, истакна министерот за економија Крешник Бектеши на средбата со Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија – Турција (МАТТО).
Тој, како што денеска соопшти Министерството за економија, посочи дека Турција се наоѓа на 8-то место во трговската размена во периодот јануари-ноември лани и дека вкупните турски инвестиции во Македонија изнесуваат 1,2 милијарди САД долари и претставуваат 35 проценти од вкупните странски инвестиции. – Посветено се работи на градење стабилна и предвидлива бизнис-клима за да можете вие и вашите компании да креирате деловни развојни планови, но и да влегувате во нови инвестиции без одолговлекување и неизвесност. Поради традиционално добрите трговски односи кои ги имаме со Турција, одличните примери за успешно работење кои ги покажавте со досегашните инвестиции во Македонија, како и економскиот и инвестиционен потенцијал на вашата земја, сакам да напоменам дека посакувани и добредојдени се инвестиции во стратешките сектори, како што се производството на автомобилски компоненти, информатичко-комуникациската технологија, земјоделството и преработката на храна, бизнис-услугите и аутсорсингот, фармацевтската индустрија и медицинските помагала, енргетиката и обновливите извори на енергија, туризамот, градежништвото и инфраструктурата, истакна Бектеши.
Претседателот на МАТТО, Ајдован Адемоски посочи дека се поддржуваат сите активности насочени кон ревизија на Договорот за слободна трговија меѓу двете земји во смисла на либерализација на трговијата со земјоделски и прехранбени производи и осовременување на договорот во однос на услугите и инвестициите. Членовите на Управниот одбор на МАТТО ја искористија приликата со министерот да разменат информации и за новиот закон за енергетика.