Амбасадорот Мутсунски беше во посета на МАТТО
Новиот Амбасадор на Македонија во Анкара Звонко Мутсунски, ја истакна важноста на институции како МАТТО во развој на соработката во областа на трговијата, тој посака соработката со амбасадата да продолжи и во наредниот период.
Посета на Стопанска комора на Македонија-Турција, МАТТО.
Амбасадорот Мутсунски од страна на Претседателот на МАТТО г-дин Ејуп Кахвеџи доби информации за работењето на институцијата.
Членките на Управен Одбор Претседателот на Извршен одбор на Халк Банк Македонија г-дин Неџдет Палакчи, Ејуп Учак од Џевахир Холдинг, Асмир Јахоски од Пуцко Петрол и сопственикот и главен уредник на весникот Јени Балкан г-дин Муртеза Сулооџа отворија разни теми на разговор.
Амбасадорот Мутсунки истакна дека силните врски и политичките односи помеѓу двете земји се до краен степен на високо ниво, исто така ја истакна потребата да се работи повеќе во во областа на трговија со цел да се дојде до посакуваното ниво. Р.Турција е првата земја која ја призна Македонија под нејзино Уставно име, особено подршката која ја дава Турција на Македонија во однос на надворешната политика е голема.
Мутсунки истакна дека вакви институции како МАТТО се многу значајни за зацврснување на трговските односи, при што посакува да продолжи соработката со амбасадата. Во неколку наврати изминативе месеци пред да стане Амбасадор на Анкара имал средба со Премиерот на Р.Турција г-дин Ахмет Давутоглу и Министерот за надворешни работи г-дин Мевлут Чавушоглу. Меѓудругото даде информација дека оваа година учествувал на курсевите по турски јазик во Турскиот Културен центар во Скопје Јунус Емре.
Претседателот на МАТТО г-дин Ејуп Кахвеџи објаснувајќи за извршените активности објасни и за работната посетата која се планира да се реализира во Анкара. Истакна дека МАТТО не работи само во Македонија, туку е институција која работи регионално, и помеѓу членките нема само турски компании кои работат во Македонија, туку има македонски компании