Back to Blog

Градоначалникот на Прилеп, г-дин Јовчески ги запозна членовите на МАТТО со можностите за инвестирање во регионот

Стопанската комора на Македонија-Турција (МАТТО) се одржа јунската седница на УО на која гостин беше Градоначалникот на Општина Прилеп, г-дин Борче Јовчески.
Градоначалникот на Општина Прилеп,г-дин Јовчески се сретна со Претседателот на МАТТО, г-дин Ајдован Адемоски и членките на УО на МАТТО.
На средбата се разговараше за можностите за инвестирање во Прилеп, за субвенциите што ги нуди локалната самоуправа и за проектите што се реализираат во регионот.
Заменик претседателот на МАТТО, г-дин Имер Селмани, кој го отвори состанокот, информираше за содржината на седницата на УО.
„Високото образование го завршив во Турција“
Градоначалникот на Прилеп, г-дин Борче Јовчески, кој имаше свое обраќање истакна дека е специјалист по трауматологија и дека виша специјализација завршил во болниците Џерапаша и Чапа во Турција и дека неговото образование го достигнало својот врв во Република Турција.
Потенцирајќи дека прилепскиот регион е значаен регион од аспект на земјоделството, текстилната и прехранбената индустрија, и туризмот, Јовчески додаде дека на овие простори работат мали и средни компании.

„Соработката со МАТТО е важна за нашата општина“
Јовчески истакна: „Како локална самоуправа наша цел е да создадеме што повеќе добра бизнис клима за странските инвеститори. Наша цел е да обезбедиме индустриски и земјоделски можности за инвеститорите во нашиот регион. Сакаме и нашите локални компании да имаат корист од овие можности. Од оваа гледна точка, исто така ни е важно да соработуваме со МАТТО“.
Наведувајќи дека работат во многу области се со цел да се спречи миграцијата на младите, Јовчески нагласи: „За новите инвеститори подготвени сме да обезбедиме секаква логистичка поддршка како локација и транспорт. Исто така, од големо значење е инвеститорите да основаат бизнис во нашиот регион за економски развој на регионот. Нашата врата е отворена за оние кои сакаат да инвестираат во нашата општина“.
Градоначалникот Јовчески: „Битола и го подари Мустафа Кемал Ататурк на Турција, а Прилеп Али Фетхи Окјар.

‘Верувам дека ќе ги поттикнеме нашите членови да инвестираат во Прилеп
Претседателот на МАТТО г-дин Ајдоган Адемоски информираше за активностите на МАТТО.
Адемоски истакна „Многу сум среќен што можам да им посакам добредојде на моите сограѓани од Прилеп“ „Верувам дека на нашата денешна средба ќе ги поттикнеме инвеститорите и од Македонија и од Турција да инвестираат во Прилеп“.
Претседателот на МАТТО, Адемоски “Вредноста на инвестициите од Турција во Македонија со придонесите на МАТТО изнесуваaт приближно 2 милијарди евра. Но, ова не е доволно, треба да ја удвоиме оваа бројка. Со заеднички напори можеме да ја зголемиме инвестициската вредност на повисоки нивоа. Ќе ни биде задоволство компаниите како Џевахир, Халкбанк, ТАВ, Аџибадем и Ваикики да инвестираат во прилепскиот регион. Од тука ги повикувам сите наши членови, секоја инвестиција во Прилеп ќе биде од голема важност за развојот на регионот. Најпрво јас би сакал да инвестирам. Затоа што тоа е моето родно место, сеуште сум регистриран таму.
Ајдован Адемоски изјави дека ажурирањето на договорот за слободна трговија меѓу Турција и Северна Македонија ќе придонесе за развој на трговските односи меѓу двете земји.

Потпишан протокол за меѓуинституционална соработка
По средбата, г-дин Јосиф Балтов, директор на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион на Северна Македонија (ЦРППР), имаше презентација пред членовите на МАТТО за можностите за инвестирање и субвенциите на локалната самоуправа во регионот.
На крајот на средбата беше потпишан протокол за институционална соработка помеѓу МАТТО, Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион и општина Прилеп. Протоколот беше потпишан од страна на претседателот на МАТТО г-дин Ајдован Адемоски, градоначалникот Борче Јовчески и директорот на ЦРППР, г-дин Јосиф Ба

Share this post

Back to Blog