На ден 20 Септември 2012 Стопанската комора за Трговија и Индустрија на Карабук, беше во посета на МАТТО
На ден 20 Септември 2012 Претседателот на Управен Одбор г-дин Пехливан Бајлан заедно со преостанатата делегација ја посетија нашата комора. Деловна средба одржаа Претседателот на Управен Одбор на МАТТО г-дин Туна Ејуп Кахвеџи, Шенол Туркјилмаз од Аташето за Трговија при Турска Амбасада во Р.Македонија, Заменик претседател на Стопанската комора на Македонија-Турција МАТТО одговорен за односите со Владата и бирократијата на Република Македонија г-дин Ејуп УЧАК и г-дин Максут Карајалчин одговорен Потпретседател на Сојузот на Стопански Берзи на стока од Турција. Претседателот на Управниот Одбор на МАТТО г-дин Туна Ејуп Кахвеџи објасни за можностите за оданочување помеѓу двете земји и даде информации за слободните зони во Р. Македонија. Покрај тоа Претседателот давајќи информации за МАТТО, објасни за предностите на водење на бизнис во Р.Македонија и ги сподели своите искуства. Во продолжение на разговорот Заменик Претседателот на Управен Одбор г-дин Ејуп Учак даде информации за Производството. Преку поставување на прашања и добивање на одговори се заврши состанокот со желба за понатамошна соработка.