МАТТО на саемот на МУСИАД
МАТТО, беше поканет и учествуваше на 13’ти по ред „Mеѓународен саем на МУСИАД, кој се одржа помеѓу 07-10 Октомври 2008. Во текот на саемот екипата предводена од страна на Генералниот секретар на МАТТО Г-дин Адем Џафер, на фирмите кои учествуваа на саемот и другите заинтересирани ги презентираа можностите за инвестирање во Македонија како и саемот кој ќе биде организиран од страна на нашата комора,.
Му се заблагодаруваме на Претседателот на МУСИАД Г-дин Омер Џихад ВАРДАН, кој ни ја овозможи оваа активност.