Back to Blog

ХАЛКБАНК 25 години активен поддржувач на македонската економија

Денес во просториите на Бизнис центарот на Халкбанк се одржа настан на Стопанска комора Македонија – Турција (МАТТО) кој беше посветен на успешната работа и важноста на Халкбанк АД Скопје во Македонија.

Во рамки на настанот свое обраќање имаше и д-р Билал Суџубаши, генерален извршен директор на Халкбанк, кој се осврна на важноста на Халкбанк во македонската економија.

Благодариме за заедничките успеси

Почитувани членови на МАТТО, почитувани претставници на медиумите, ценети гости. Во име на Халкбанк АД Скопје би сакале да ја изразиме нашата благодарност за присуството овој настан кој се организира за прв пат, со цел запознавање на јавноста со работењето на членовите на МАТТО.

ХАЛКБАНК А.Д. Скопје е основана како акционерско друштво на 15.03.1993 година под називот “Извозна и кредитна банка А.Д. Скопје” и започна со своето работење како универзална банка која ги врши сите видови банкарски операции во Република Македонија. 

Оваа институција чија главна цел уште од првите свои чекори во работењето пред 25 години е да прерасне во симбол на довербата и да ја зголеми поддршката кон економијата, во 2011 година беше превземена од страна на Халкбанк, една од водечките банкарски брендови во Турција, а во насока на постигнување на поголеми цели.  

Од моментот на својот влез на македонскиот финансиски пазар пред 6 години па се до денес, банката одлучно чекори во финансискиот сектор и постојано го зголемува својот стратешки развој. Од влезот во пазарот до денес прерасна во банка која најбрзо ја зголеми својата актива и со постигнатите бројки ја потврди довербата на реалниот пазар. Паралелно со ова и во насока кон стратегијата за раст, ХАЛКБАНК АД Скопје ги зголеми сопствените средства на 85 милиони Евра. Халкбанк АД Скопје, која остварува финансиски резултати далеку над просекот во секторот, се искачи на четвртото место во рангирањето на најголемите банки во земјата и беше прогласена за системски значајна банка. 

  Halkbank AŞ Üsküp, 2017’deki Başarılarını Kamuoyuyla Paylaştı

Истовремено со процесот на капитализација банката спроведе бројни нови иницијативи насоени кон зголемување на квалитетот на услугите. Со проширувањето на деловната мрежа и мрежата на филијали низ цела Македонија, бројот на модерни и технолошки опремени филијали низ целата земја прерасна од 21 на 40. Покрај ова, со зголемувањето на бројот на филијалите, бројот на банкоматите порасна на 125. Би сакал со гордост да кажам дека во овој период ХАЛКБАНК АД Скопје, од 275 на 500 двојно го зголеми бројот на вработени кои се високо образовани и обучени во секое време да обезбедат брза услуга на своите клиенти. Освен развојот на технологијата и работењето, продолжуваме со нашите напори за зголемување на продуктивноста и задоволството на вработените.

ХАЛКБАНК АД Скопје, постојано инвестира во широкиот спектар на услуги и производи кои постојано се развиваат со цел да се обезбеди подобра услуга за клиентите.

Инвестициите опфаќаат голем број на различни процеси како процесинг центарот за картички, 3D безбедна платформа, нови банкомати, најнови ПОС уреди, бесконтактна технологија, целосно ново електронско и мобилно банкарство за физички и правни лица, on-line апликација, ERP систем и многу други процеси спроведени со цел клиентите да можат на лесен начин и на високо безбедносно ниво да ги извршат своите банкарски акивности, а како резултат на овие инвестиции  вкупниот број на трансакции направени извршени преку новите дигитални решенија поразна за 55%.

Како и претходните години и 2017 година беше многу успешна година за нашата Банка. Активата на банката изнесуваше 687 милиони евра, со што ХАЛКБАНК АД Скопје беше банка која најмногу ја зголеми својата актива во банкарскиот сектор на Република Македонија. Зголемувањето на активата на банката за четири пати, од влезот на банката во македонскиот пазар па се до денес, претставува најважен показател за финансиска поддршка која банката ја дава на пазарот.

Од нашето основање наваму, маите и средни претпријатија (МСП) кои претставуваат камен-темелник на нашата економија, се целната група за нашата банка. Халкбанк АД Скопје, продолжува да ја развива соработката со меѓународните финансиски институции како што се ЕИБ (Европската инвестициска банка), КфВ (Европска банка за развој), ЕБРД (Европска развојна банка) и ГГФ (Фонд за зелен раст) преку поддршката на сите економски сектори и сите деловни линии.Како резултат на овие напори, за комерцијалнито сегмент беше финансиран со 100 милиони евра од страна на странски извори. 

И покрај политичката и економската несигурност во 2017 година, нашата банка ја потврди својата поддршка и раст во секторот и на реалниот пазар со својот кредитен раст. Според официјалните податоци на Народната Банка на Република Македонија, кредитниот раст на ниво на пазарот изнесува 5,9%. Во споредба со пазарот Халкбанк АД Скопје оствари највисок раст во секторот со 19,3% или 72,8 милиони евра.  Сите пазарни, економски и финансиски услови се детално анализирани и според надворешни економски услови, производите кои се соодветни на секој профил на купувачи се презентираат внимателно и во индивидуалните и институционалните области.Како резултат на тоа, Банката достигна ниска стапка нефункционални кредити од 0,7%, дури и во услови на здраво портфолио и турбулентен период.

Заклучно со 2017 година корпоративните кредити односно МСП кредитите достигнаа ниво на раст од 19 % или 41 милиони евра. Со оваа бројка ние сме прва Банка која постигна раст токму во сегментот МСП. На ниво на секторот трговските кредити постигнаа раст од 2.9 %. 60 % од растот на вкупните кредити се остварени од Халкбанк. Брзиот раст на нашето портфолио продолжува, стапката на нефункционалност на корпоративните кредити на пазарот е на 9,7% од крајот на 2017 година. Додека оваа стапка кај нас узнесува 0,56 % и за нас претставува особено задоволство. Ова е показател и добар знак за нашиот здрав раст.

Нудиме комерцијални производи, особено во секторот МСП, на побарувачката на пазарот и постојано иновативни производи според потребата на нашите клинети.Токму во оваа насока, со воведување на новите производи ЕСНАФ, РААТ и ПРОМО кредити во голема мера успеавме да ги задоволиме потребите на нашите клинети. Нашата постојана тенденција и задоволство беше да го поддржиме извозниот сектор. Користејќи кредитни производи како и производи од фондовите на ЕФСЕ кој беа насочени особено кон финансирање на енергетско ефикасни проекти успеавме да ја зацврстиме нашата позиција на пазарот на МСП кредитите. Исто така сакам да истакнам дека отсекогаш сакавме да бидеме одлични во големите корпоративни проекти кои се важни во економијата на земјата.

Исто така сме задоволни што нашиот главен извор на финансирање, депозити на клиенти за 6 години односно до крајот на 2017 година го достигнаа нивото 415 милиони евра. Оваа стапка за нас е од голема важност и ни претставува големо задоволство. Освен тоа, ова е најважната манифестација на доверба на пазарот преку обезбедување на највисок раст на депозитите на клиентите кој ја достигнавме во 2017 година. 

Нивото на нето потрошувачките кредити од 48.4 милиони ЕУР го зголемивме за 201.5 милиони ЕУР. Ова создаде стабилна база во насока на непрекинат раст на потрошувачките и хипотекарни кредити.    

 

Зголемениот број на клиенти, тековни сметки, дебитни картички, кредитни и депозитни производи и признавање на инвестициите на Банката, довербата што клиентите ја покажаа кон нашата банка и благодарение на стабилниот раст на банката, неизбежно доведоа до зголемување на профитот на Банката.  

Во 2017 година, добивката на Банката изнесуваше 8,7 милиони евра, што претставува четврта банка во Република Македонија во однос на профитабилноста. Со самиот влез на пазарот Халкбанк А.Д. Скопје својот профит го пренасочи кон дополнителна докапитализација на своите основни средства. Оттука Халкбанк АД Скопје и оваа година ќе ја следи истата политика во насока на нејзината стратегија за раст. Би сакал да истакнам дека во 2018 година ќе го зајакнеме нашиот капитал со дополнителни 10 милиони евра од нашата матична банка, како и профитот од претходната година.

Како банка со општествена одговорност, ја продолжуваме нашата практика на поддршка на различни културни, образовни и спортски проекти, особено оние проекти кои ќе го дадат приоритет на вистинскиот потенцијал на помладата генерација. Овие практики нема да бидат поштедени и следната година.

ХАЛКБАНК АД Скопје покажува особено голем интерес кон решавање на потребите на сите физички и правни лица, бидејќи нашата банка се докажа како една од најмоќните финансиски институции во Република Македонија, благодарение на меѓусебната соработка, доверба и искрена работа би сакал да изразам благодарност во името на нашата банка, во мое лично име секако и во име на нашите вработени кој несомнено се нашиот најголем капитал.

Share this post

Back to Blog