Стопанска комора Македонија – Турција, МАТТО организираше работилница на тема
“Како да се зголемат инвестициите во земјата со цел да се стимулира одржлив еконмски раст”. (14.11.2019.)
”Последен ЕУ Извештајот јасно навдеува да е економски раст во благ раст али не и инвестициите.Извештајот нагласува дека сива економија, невработеноста, недоволен соодветен професионален кадар и недоволни инвестиции влијаат на раст на продуктивноста.Работилница овозможи, приватн сектор, билатерални комори и науката непосредно да запознаат донорите, (WB USAID, ТИКА) за потребите на приватен сектор и кои економски политики би требало да се превземаат за да се максимизираат ефекти на сегашните и идни инвестиции.
Од работилница беше заклучено дека краткорочни приоритети за развој на економски раст се : Развој на приватниот сектор и унапредување на ангажманот на приватниот сектор во креирање економски политики; недостиг на вешта работна сила и зајакнување на човечкиот капитал и Одржлив економски развој.

Предложени решениа се сите стопански комори да ја создадат платформа на приватен сектор преку која ќе дејствуваат како еден глас и ќе бидат вклучени во непосреден диалог и консултаци за еконоски политики и реформи. Перспективно е можно и поврзување на регионално ниво.
Во однос на недостиг на вештата работна сила е предложено коморите да направат евиденција на профили на работна сила кои се потреба на коморските членки. Потоа, во сработка со владата и науката да се креира политика за надминување на проблемот.

Сите учесници во работилница повикаа на хоризонтална ургентана акција за сеобфатна економска стратегија, развојни економски приоритети за идните десет години а се критични за економскиот раст на земјата.